Тој еден херој секогаш е потребен - теши кога имате на кого да се потпрете

toj-eden-heroj-sekogash-e-potreben-teshi-koga-imate-na-kogo-da-se-potprete-01.jpg

Во неволја секогаш е добро кога имаш некој стабилен, некој кој смирено гледа на работите и промислено ги изнесува ставовите.

Некој кој не паничи, кој мисли на деталите, кој суштински бара решение за кризата.

Потребен е некој кој е од акција, кој знае дека силата е во организацијата, а успехот во истрајноста...

И таков некој да си имате во сите свои лични неволји - богатство вреди.

Да си имате некој кој ќе ве стабилизира кога ќе тонете во грижи за лошото што ви се случило,

Некој кој ќе знае да ги сврти вистинските телефонски броеви, да ги потегне конците и да каже како конкретно да се постапи,

Некој кој во најлошото ќе ви каже дека има светло на крајот од тунелот, дека ќе биде добро,

Некој кој ќе ве стабилизира додека ви се тресат рацете од неизвесност,

Некој кој ќе ви ги скроти внатрешните демони затоа што не гледате крај на лудилото,

Некој кој ќе ве советува да мислите на конкретна акција, а не на „зошто се случило и што би било ако би било“,

Некој кој ви вели дека во себе ја имате силата за да се справите со тоа,

Некој на кој во очите му гледате дека верува дека ќе бидете добро после сѐ,

Некој кој не прифаќа не и кој и под дрво и под камен ќе бара начин за вие да сте добро,

Некој кој знае да се шегува во тешки времиња,

Некој кој е и херој и инспирација и мотивација едновремено...

Ете таков некој е потребен,

А ако веќе го имате тогаш ценете го!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg