Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не биди наивна, доста им даваше шанси на луѓето што не го заслужуваат тоа

ne-bidi-naivna-dosta-im-davashe-shansi-na-lugjeto-shto-ne-go-zasluzhuvaat-toa-01.jpg

Еј, ти! Да, ти што го читаш ова... Дали знаеш колку си прекрасна? Дали имаш идеја колку си неверојатна?

Дали си свесна колку чиста и убава душа имаш?

Дали знаеш колку љубов носиш во тоа твое ранливо срце?

Тони љубов. Тони светлина.

Да, моја пријателке, ти си дијамант. Ти си она што луѓето го нарекуваат единствена. Ти си некој што сака искрено и длабоко и не се откажува без борба.

Ти си некој кој од секогаш верувал во љубов. Некој кој не може да го замисли животот без љубов.

Некој кој е искрен и отворен со луѓето. Некој кој срцето го послужува на тацна.

Некој кој верува дека луѓето се добри. Некој кој се грижи за другите.

Но, сепак се однесуваш како да си ја заборавила својата вредност.

Трчаш по луѓе кои не ги ценат работите што ги правиш за нив.

Луѓето те земаат здраво за готово. Те повредуваат и повторно им даваш шанса да те повредуваат.

ne-bidi-naivna-dosta-im-davashe-shansi-na-lugjeto-shto-ne-go-zasluzhuvaat-toa-02.jpg

Им се даваш комплетно на  незрели индивидуи и им дозволуваш да прават со тебе што сакаат. И константно се убедуваш себеси дека всушност можеш да ги промениш. Мислиш дека твојата љубов ќе ги мотивира да станат подобри личности.

Но, каде е промената? Тие не те третираат на начинот на кој заслужуваш. Не гледам дека те сакаат на начинот на кој сакаш да бидеш сакана.

И дали навистина мислиш дека само толку малку љубов заслужуваш? Дали овие луѓе се доволни за тебе? Дали нивното однесување те прави среќна?

Колку повеќе вложуваш во нив, толку повеќе ќе те повредуваат. Знам, затоа што и јас сум сретнала таков тип на личности.

Извини, но одбивам да им дозволуваш да ти го разбиваат животот на парчиња.

Заслужуваш љубов. Заслужуваш да бидеш среќна, разбрана, почитувана, ценета.

Заслужуваш живот во кој ќе се будиш со насмевка секој ден.

Затоа престани да го правиш тоа. Престани да бидеш наивна и да им даваш шанси на луѓе кои не го заслужуваат тоа.

Навистина не сакаш да ја минеш вечноста со личност што те третира како ѓубре.

Кажи им стоп на токсичните личности во твојот живот. Не се смирувај за ништо помалку од вистинска љубов.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Андријана Илиоска за CRNOBELO лексикон: „Сум живеела во 5 светски метрополи, но само Македонија е до... „По природа сум весел човек, но не обожавам кафеани. Секогаш кога одам, тоа...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...
Мудри совети од една баба: Не оди каде што не си поканет, не влегувај во туѓи спални Не зборувај за она за што не си запознаен, не го отворај фрижидерот по туѓи куќи...
Не сонуваат сите за приватен џет, слава и вили во животот За некои луѓе, вистинскиот успех е смирен ум, длабок и мирен сон, здраво тело, ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg