Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Седев и плачев заради една излупена банана“: Исповед на една мајка

„Сакав сама да си ја излупам бананата мамо!“ Ја фрли на масата и истрча во собата. Јас ѝ ја излупив кога рече дека сака ужинка пред вечерата. Без да размислам колку и значи да го направи тоа сама.

denot-koga-sedev-i-placev-zaradi-edna-izlupena-banana-ili-ne-ispoved-na-edna-majka-001.jpgфото: depositphotos.com

Во исто време и бебето плачеше во другата соба. Беше гладна.

Поголемата сега плачеше во дневната соба сè уште лута за бананата.

Бананата стоеше фрлена на трпезариската маса, па јас си седнав на столче и почнав да плачам.

Не, ова не е приказна за тоа како успешно се справив во ситуација или да ви кажам како вие да постапите.

Ова е само еден момент после второто породување кога не можев да престанам да плачам заради една банана.

Како што седев и си ги преиспитував чувствата се запрашав себеси: „Дали навистина е сево ова заради бананата?“

Секако дека не. Ретко кога е.

Причината беше што бев под „полна пареа“. Тој ден. Секој ден. Заради тоа што моментално животот не ми изгледа како што го замислував и очекував.

Доживеав „исклучување“ затоа што сум преморена и ненаспана, а сето ова немаше врска со излупената банана која беше на масата пред мене.

Мислев на ќерка ми која плачеше во другата соба. Секако и неа не ѝ беше до бананата. Дома е со мене повеќе од 100 денови, затворена. Ѝ недостасуваат другарчињата, имаме нов член во семејството, сестричка која постојано ми го одвлекува вниманието од неа.

Од работи како тоа дека таа сака сама да си ја излупи бананата иако ми го кажала ова стопати до сега.

Решив да станам и да не ги игнорирам повеќе.

Го земав расплаканото бебе во раце и отидовме кај поголемата ќерка да се гушнеме сите заедно и продолживме да си плачеме.

„Мамо, те сакам...“, најубавите зборови кои секогаш ме потсетуваат дека и кога мислиме дека е крај на светот и немаме сила да продолжиме понатаму, во ред е.

Овие моменти, за среќа не се чести. Но, се реални и се случуваат.

И запомнете, ретко кога навистина е заради бананата.

 Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg