Мајки, ве молам немојте да живеете само за децата – ги гушите (и штетно е и за вас и нив)

„Мајката Билјана сама го одгледа Вања. Не се мажеше повторно, му плати за факултет, му купи стан, Вања порасна во прекрасен и успешен маж. Сега Вања има 50 години. Никогаш не се ожени, нема деца. Цел живот се труди да ѝ го врати на мајка му долгот - долг кој не го ни барал. Не успева во тоа“.

majki-ve-molam-nemojte-da-zhiveete-samo-za-decata-gi-gushite-i-shtetno-e-i-za-vas-i-niv-01.jpg

Мајки, ве молам немојте да живеете само за децата – не само што не им е неопходно тоа, туку дури и е штетно и за нив.

На секој чекор гледам жени кои се откажуваат од животот поради децата, а потоа гледам како тие деца го прават сето тоа од кое нивните мајки се откажале и тажна глетка е тоа.

Давајќи им љубов на децата, не треба да заборавате на себе, инаку таа неспособност да се сакаат самите себеси ќе им ја пренесете и на нив.

Сум слушнала приказни од типот „Мајката Билјана сама го одгледа Вања. Не се мажеше повторно, му плати за факултет, му купи стан, Вања порасна во прекрасен и успешен маж. Сега Вања има 50 години. Никогаш не се ожени, нема деца. Цел живот се труди да ѝ го врати на мајка му долгот кој не го ни барал. Не успева во тоа“.

majki-ve-molam-nemojte-da-zhiveete-samo-za-decata-gi-gushite-i-shtetno-e-i-za-vas-i-niv-02.jpg

Потоа приказни како: „Таткото Славко работеше ден и ноќ поради децата. Имаше големи планови за нив, особено за ќерката. Таа беше паметна и тој сонуваше да стане лекарка.

Но, таа се отпиша од факултет и сакаше свој живот на свој начин, имаше сон да стане уметница. Татко ѝ сакаше да ја вразуми, па ѝ даде сметка за сè што вложил во неа од училиште до приватни часови и облека и побара да му го врати долгот.

Таа се откажа од него и го избриша од животот. Се немаат видено веќе 30 години“.

И има уште низа вакви приказни како мајка по разводот не се гледала со никој за да остане со своите деца, а ќерка ѝ после се плашела да се омажи за да не ја остави сама, па за пар кој се претворил само во мајка и татко, а заборавиле дека треба да бидат и маж и жена, па им се распаднал бракот постојано ставајќи ги децата како приоритет.

majki-ve-molam-nemojte-da-zhiveete-samo-za-decata-gi-gushite-i-shtetno-e-i-za-vas-i-niv-03.jpg

И вакви приказни има многу....

Кога детето ќе стане смисла на вашиот живот, тоа за него е преголем товар. Тоа е како да го заклучите во соба и прашање на време е кога ќе му снема воздух. Во почетокот е возможно да живее, а потоа сè потешко дише од огромната доза љубов и грижа за него од ваша страна, па почнува да се гуши.

Покрај тоа што живее во „загушлива просторија“, тоа по 20 или колку и да е години чувствува товар дека е должен и дека долгот му е толку голем што ќе го плаќа вечно.

И може да се случи еден ден да пукне и да посака да ги прекине сите врски со семејството затоа што сака да живее слободно и да ги следи своите соништа.

majki-ve-molam-nemojte-da-zhiveete-samo-za-decata-gi-gushite-i-shtetno-e-i-za-vas-i-niv-04.jpg

Затоа ве молам мајки не живејте само за своите деца. Пронајдете си друга смисла на животот, вашите деца не доаѓаат на овој свет како жртви на киднапирање од вас и вашата преголема грижа за нив.

Сакајте го својот сопруг. Децата ќе пораснат и ќе си отидат, а тој ќе остане со вас. Плус, со квалитетниот однос со сопругот ќе им дадете добар пример на децата како треба да изгледа едно здраво семејство и ќе им вродите желба и тие да основаат свое семејство еден ден.

Сакајте се себе. Не заборавајте на себе трчајќи по среќата на вашите деца. Не се одрекувајте од нов фустан поради нов робот и не го жртвувајте козметичарот во име на нивните часови по клавир. Ако сами не се грижите за себе, кој ќе го направи тоа за вас? Каков пример давате?

Не го терајте вашето дете да ви се чувствува должно и да чувствува очај и во него да има крик за помош. Тоа ќе сака да ве сака, но може да направите тоа да му биде напорна и тешка обврска.

Дадете им можност на своите деца да дишат и да живеат за да можат да растат и да се развиваат, онака како што ги води нивниот сопствен пат.

Улогата како мајка е да ги „полевате на време“, но потоа да им дозволите да цветаат и да растат сами онака како што знаат и умеат.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg