Поучна приказна за еден маж чија болна сопруга почнала да ја губи убавината

„Се преправав дека сум слеп за да не ја повредам. Не се вљубив во неа заради нејзината убавина, туку затоа што таа беше мила и прекрасна личност“ – рекол мажот во оваа поучна приказна за една жена што ја загубила убавината.

pouchna-prikazna-za-eden-mazh-chija-bolna-sopruga-pochnala-da-ja-gubi-ubavinata-01.jpg

Еден маж се оженил за убава жена. Ја сакал многу. Жената добила заболување на кожата, па полека почнала да ја „губи“ убавината.

Еден ден нејзиниот сопруг заминал на патување, а на враќање имал несреќа по која му бил оштетен видот. Речиси и да не гледал, па неговата сопруга морала да му помага во сè, но тоа не влијаело врз нивниот брачен живот.

Постепено, жената сè повеќе ја губела убавината, а сопругот, затоа што не гледал добро, воопшто не знаел за тоа и нејзиниот изглед не влијаел врз нивниот брак. Тој сè уште многу ја сакал сопругата, а и таа го сакала многу.

Еден ден таа починала, а тој бил скршен од болка по нејзината смрт.

Еден пријател дошол да го посети и го прашал: „Како ќе одиш сам сега? Жена ти беше постојано тука за да ти помага“, на што мажот одговорил:

„Во последно време видот многу ми се подобри и гледав доволно за да можам сè да правам сам, но не сакав да ѝ кажам затоа што таа ќе знаеше дека можам да видам и како ѝ изгледа лицето и тоа ќе ја повредеше повеќе од самата болест.

Не се вљубив во неа заради нејзината убавина, туку затоа што таа беше мила и прекрасна личност, се вљубив во нејзиното срце. Сè што сакав е да биде среќна .“

Извор

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Мојата жена нема да оди на работа - твоето место е дома!“ Ви се случило ли да влезете во врска каде што тој заработува помалку од вас? Или...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg