Детали од животот на Пауло Коелјо: Родителите го сместиле во институција за душевно болни затоа што сакал да биде писател

Во 1974-та година бил уапсен од тогашната бразилска милиција заради „субверзивни“ активности, инспирирани од сатанистичкото движење на Алистер Кроули, што во тоа време се сметале за опасни по општеството. Милицајците го ставиле во автомобил и го однеле на тајна локација каде го измачувале со електрошокови на гениталиите.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-05.jpg

Тој вели дека тоа било трауматично искуство и дека неколку години подоцна се справувал со стравот што следел. Токму заради тоа искуство, подоцна ќе одлучи да се вклучи во повеќе здруженија за заштита на човековите и граѓанските права.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-16.jpg

Првото издание на неговиот најпопуларен роман „Алхемичарот“ било објавено во 1988-ма година во тираж од само 900 примероци. Но, заради малиот интерес, издавачката куќа решила дека романот нема да добие второ издание.

Дури откако во 1994-та година бил објавен романот „Брида“ од друга поголема издавачка куќа, и интересот за „Алхемичарот“ пораснал.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-08.jpg

Непосредно пред смртта на Коби Брајант, Пауло Коелјо заедно со него работел на книга за деца. Но, по ненадејната смрт на кошаркарската легенда, Пауло се откажал од проектот и рече дека нема смисла да продолжи да работи без него.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-12.jpg

Денес важи за еден од најпознатите, но и најбогатите писатели на сите времиња. Половина од годината тој и неговата сопруга Кристина Оитисика ја поминуваат во неговиот стан со поглед на плажата Копакабана во Бразил, а втората половина во неговата куќа на француските Пиринеи.

„Да имаш пари е супер, затоа што можеш да го правиш она што сметаш дека тебе ти е важно. Јас отсекогаш сум бил богат човек, затоа што парите не се поврзуваат со среќата“ – вели тој.

roditelite-go-smestile-vo-institucija-za-dushevno-bolni-zatoa-shto-sakal-da-bide-pisatel-pomalku-poznati-fakti-za-paulo-koeljo-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава