Беше зависен од лекови и пластични операции, го обвинуваа за педофилија – Факти за Мајкл Џексон

Мајкл Џексон е најголемата музичка ѕвезда на сите времиња, а неговиот живот е исполнет со многу контроверзии. Покрај обвиненијата за сексуално малтретирање деца, пејачот имаше огромни долгови и беше зависен од лекови и пластични операции.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-01.jpg

Мајкл Џексон, неретко нарекуван и „Кралот на поп-музиката“ остави огромен белег во музичката индустрија. И покрај големиот успех, се чини дека целиот живот пејачот го следеа скандали.

Најпрво, на многумина не им беше јасно како неговата кожа стана бела, а честопати беше критикуван и за пластичните операции.

Можеби најголемата дамка во животот на Мајкл Џексон се обвинувањата за сексуално малтретирање деца, поради кои заврши и на суд.

Пејачот се бореше со зависност од лекови, кон крајот на животот имаше сериозни финансиски проблеми, а неговата ненадејна смрт долго беше тема на дискусија.

Во продолжение, неколку факти за животот на Мајкл Џексон:

Кариерата ја почна со бенд со неговите браќа

Мајкл Џексон бил најмладиот (и најталентираниот) од неговите четворица браќа.

Бидејќи сите пет деца покажувале талент за музика, татко им Џозеф ги натерал да направат група – Jackson 5.

Поради забавните песни и енергичните кореографии, детската група беше огромен хит на почетокот на 1970-тите.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-02.jpg

Но, како што растел, гласот на Мајкл се менувал и станувал позрел, па во семејството се јавила напнатост.

Групата се растури во 1975 година, а секој од браќата Џексон почна соло кариера.

И нивната сестра – Џенет Џексон – го следеше нивниот чекор.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-03.jpg

Имал тешко детство

Покрај тоа што постојано имал работни обврски поради популарноста на Jackson 5, Мајкл Џексон трпел малтретирање од неговиот татко.

Во интервју, самиот има изјавено дека сонувал за нормално детство:

„Го гледав паркот преку улица. Но, јас требаш да одам во студио и да работам до доцна навечер.

Ги гледав децата со солзи во очите и си велев: ’Заробен сум и треба да го работам ова до крајот на мојот живот‘“.

Пејачот има изјавено и дека немал пријатели – се чувствувал осамено и голем дел од времето само седел и плачел во неговата соба.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-04.jpg

Мајкл почна да зборува за малтретирањето што го трпел од татко му дури пред неговата смрт. Татко му сакал тој и неговите браќа да работат понапорно, па често ги „мотивирал“ со тепање.

„Само ќе ме фрлеше на подот и ќе ме удреше најсилно што може“, изјави пејачот.

Еден од неговите браќа сподели повеќе детали за малтретирањето во интервју за ABC News:

„Ни викаше: ’Се грижам за вас. Дури и ако треба да ве истепам, се грижам за вас‘“.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-05.jpg

Стана огромна ѕвезда уште со првиот соло-албум

За разлика од браќата, Мајкл Џексон брзо се проби во светот на музиката.

Неговиот прв албум од 1979 година доживеа неочекуван успех и стана најпродаваниот за таа година.

Со култната песна Thriller, Мајкл си ја заработи добрата репутација во музичката индустрија и набрзо стана светски познат.

До 1984 година, тој веќе беше познат како „Кралот на поп-музиката“.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-07.jpg

Имаше витилиго и се верува дека бил зависен од пластични операции

Со годините, кожата на Мајкл Џексон стануваше сè посветла. За јавноста ова беше знак дека тој не сака да биде Афроамериканец и дека намерно си ја избелува.

Сепак, подоцна се дозна дека пејачот всушност имал витилиго. И, со цел да си го изедначи тенот, користел третман одобрен од лекар.

Пејачот имаше направено пластична операција на носот, а самиот тврдеше дека направил само две процедури.

Сепак, извори блиски до него тврдеа дека станува збор за многу повеќе операции.

Пејачот првпат направил пластична операција по инцидент кој се случил додека снимал реклама за Pepsi.

За време на снимањето, настанала пиротехничка грешка која предизвикала експлозија. Пејачот се запалил и се здобил со тешки изгореници на лицето и скалпот.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-06.jpg

Срамежливоста му создавала проблеми

Фановите на пејачот се запознаени со фактот дека тој беше многу срамежлива личност. Но, малкумина знаат какво влијание имало ова врз него.

Самиот пејач има изјавено дека поради срамежливоста, постојано се чувствувал осамено. Па, во домот се опкружувал со кукли.

„Ги купив бидејќи ми требаа луѓе, ми требаше кој било. Но, бев премногу срамежлив да се опкружам со вистински луѓе“.

beshe-zavisen-od-lekovi-i-plastichni-operacii-go-obvinuvaa-za-pedofilija-fakti-za-majkl-dzhekson-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава