„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ
„Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере што сака. Затоа што денот кога ќе го отворите фрижидерот и во него нема ништо, тешко е“ - вели легендата на „Милан“, Златан Ибрахимовиќ. Ова е само еден од неговите инспиративни цитати...
Златан Ибрахимовиќ (41) важи за еден од најарогантните светски фудбалери. Со огромна самодоверба и изграден став, тој е секогаш спремен да се скара со тренерите, новинарите, соиграчите... И никогаш не признава дека згрешил.
Tокму оваа негова ароганција на многумина им е симпатична, а тоа го прави фудбалерот на „Милан“ еден од омилените во светот.
Златан важи и за човек кој сака да се забавува и не е тајна дека омилена песна му е „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Ја пееше заедно и со Новак Ѓоковиќ.
А песната стана толку популарна и меѓу неговите фанови, што организаторите на Сан Ремо му ја пуштија во 2021 на сцена, кога Златан беше еден од водителите.
Но, освен по музичкиот вкус и хармоничниот брак со Хелена Сегер, која е 11 години постара од него, а со која има два сина, Ибрахимовиќ е познат и по своите изјави.
Во продолжение прочитајте неколку инспиративни цитати од Златан Ибрахимовиќ...
„Кога луѓето ме критикуваат, наместо да ја спуштам главата, тоа ми дава енергија да направам уште повеќе“.
„Мислам дека е тешко да се задоволувам, бидејќи кога ќе освојам нешто, веќе размислувам за следниот чекор, а тоа можеби ми е проблем. Не уживам во моментот. Веќе сум во мисија да го освојам следниот трофеј“.
„Јас одлучувам за мојата иднина. Јас одлучувам што сакам да правам. Никој друг. Ако одлучам дека ова ќе биде мојата последна година, можеби е. Ако одлучам дека тоа ќе биде мојот последен договор, јас го решавам тоа. Никој друг. Затоа ќе одлучам кога ќе дојде моментот.“
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив. Фудбалскиот свет не е секогаш убаво место“.
„Некои работи ги прави судбината, да, други работи со напорна работа, но квалитетот не се учи. Со квалитет сте или родени или не“.
„Поминував време со мајка ми, но навистина живеев со татко ми. Еднаш тој ја даде целата своја плата за да можам да отпатувам во камп за обука. Тој не можеше да ја плати киријата, но го направи тоа“.
„Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере што сака. Затоа што денот кога ќе го отворите фрижидерот и нема ништо во него, тешко е“.
„Не ми треба трофеј за да ми каже дека сум најдобар“.
„Можам да играм на единаесетте позиции затоа што добар играч може да игра секаде“.
„Кога ме купувате мене, купувате Ферари. Ако возите Ферари, ставате премиум бензин во резервоарот, одите на автопат и нагазувате на гасот“.