Не сака да вработува жени, нема да им остави пари на децата – Факти за контроверзниот Гордон Ремзи

Сексистички изјави

Во интервју за The Guardian од 1999 година, Гордон Ремзи сподели дека секогаш се двоумел дали да вработува жени во неговите ресторани.

Според него, бидејќи жените имале менструации, тие всушност можеле да работат само три недели месечно.

Истовремено, тој се пожали дека не можел да им се дере на вработените кои биле бремени, па ова била уште една причина зошто избегнувал да ги вработува.

Како ова да не е доволно, Гордон изјави дека жените готвачи немаат сексапил, па никогаш не би се венчал со жена која е професионален готвач.

ne-saka-da-vrabotuva-zheni-nema-da-im-ostavi-pari-na-decata-fakti-za-kontroverzniot-gordon-remzi-09.jpg

Судири со законот

Во 1993 година, Гордон и уште двајца мажи беа уапсени под сомнение дека имале односи во јавен тоалет.

Подоцна, портпаролот на готвачот изјави дека тројцата мажи биле пијани и навистина биле во тоалет, но дека помеѓу нив немало ништо интимно.

Во 2002-ра, пак, готвачот беше уапсен бидејќи возел во погрешна насока на еднонасочна улица, и тоа под дејство на алкохол.

ne-saka-da-vrabotuva-zheni-nema-da-im-ostavi-pari-na-decata-fakti-za-kontroverzniot-gordon-remzi-10.jpg

Лажење вегетаријанци

Гордон Ремзи отворено ги мрази вегетаријанците. Но, она што ја разгневи јавноста е кога откри дека во неговиот ресторан ги лажел.

Имено, група вегетаријанци дошле во негов ресторан и порачале супа. Гордон им рекол дека е вегетаријанска, но всушност била направена со бујон од кокошка.

Сличен инцидент имаше и на едно од неговите шоуа. Готвачот му даде парче пица на вегетаријанец и му кажа дека има месо дури откако ја изеде. Потоа дури и злобно се шегуваше на негова сметка.

ne-saka-da-vrabotuva-zheni-nema-da-im-ostavi-pari-na-decata-fakti-za-kontroverzniot-gordon-remzi-11.jpg

Гласини за афера

Во 2008-ма, се појавија гласини дека Гордон имал долгогодишна афера со жена по име Сара Симонс.

Жената и самата изјави дека најчесто се сретнувале во хотели во Лондон, како и дека готвачот имал афери со уште две други жени.

Нормално, готвачот ги негираше гласините и до денес не е познато дали се вистинити.

ne-saka-da-vrabotuva-zheni-nema-da-im-ostavi-pari-na-decata-fakti-za-kontroverzniot-gordon-remzi-12.jpg

Злобни коментари за новинарка

Во 2009-та, за време на саем за храна и вино во Мелбурн, Гордон ја навреди новинарката Трејси Гримшоу.

Пред илјадници луѓе, тој покажа фотографија од гола жена со глава на свиња и изјави дека тоа била Трејси.

Гордон додаде ѝ дека била лезбијка и дека очајно ѝ требал ботокс.

Кога се соочи со критики за изјавите, готвачот само кажа дека сакал да се пошегува, но ретко кој му веруваше.

ne-saka-da-vrabotuva-zheni-nema-da-im-ostavi-pari-na-decata-fakti-za-kontroverzniot-gordon-remzi-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg