Закани за киднапирање, го заведе синот на дечко ѝ: Факти за Карла Бруни, поранешната прва дама на Франција

Животот на Карла Бруни го одбележа успешна модна кариера, неколку големи љубови (меѓу кои и онаа со Мик Џегер) и афери, но и закани за кинднапирање и јавно повикување за нејзин линч. И покрај тоа, таа гордо стои покрај својот сопруг Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција.

zakani-za-kidnapiranje-go-zavede-sinot-na-svojot-dechko-stana-prva-dama-na-francija-zhivotnata-prikazna-na-modelot-karla-bruni-01.jpg

Карла Бруни Саркози (55), сопругата на поранешниот француски претседател, Никола Саркози, е родена во Торино, Италија. Таа има француско државјанство, па во јавноста, освен како некогашната прва дама на Франција, е позната како француска пејачка и модел со италијанско потекло.

Животот на Бруни го одбележа успешна модна кариера, неколку големи љубови и афери, но и закани за кинднапирање и јавно повикување за нејзин линч. И покрај тоа, некогашната манекенка во јавноста е секогаш насмеана и расположена, како ништо да не ја допира.

Која е поранешната прва дама на Франција?

Иако многумина ѝ ја оспоруваат музичката кариера, Карла сепак потекнува од музичко семејство. 

Нејзиниот татко е композитор на класична музика, а нејзината мајка е концертен пијанист.

Нејзината сестра Валерија е филмска режисерка, а имаше и брат, Вирџинио, кој почина во 2006 година од последиците на ХИВ.

Карла го носи презимето на нејзиниот татко Алберт Бруни.

Но, во 2008 година во интервју за Vanity Fair призна дека нејзин биолошки татко е всушност Маурисио Ремерт, гитарист на класична музика, кој потекнуваа од богато семејство.

Маурисио ја запознал мајката на Карла, Мариса, на концерт во Торино кога имал 19 години.

Аферата меѓу нив траела шест години, но тие никогаш не се венчале. Од страната на Маурисио, Карла има и полусестра, Консуело.

Карла потекнува од богато семејство и е наследничка на милионите на нејзиниот дедо, Вирџинио Бруни Тедески.

Тој во 1920-тите ја основал компанијата за производство на автомобилски гуми CEAT, која е денес во сопственост на Pirelli.

Со семејството се преселила во Франција кога имала седум години.

Причината за ова била заканата дека ќе ја киднапираат Црвените бригади, комунистичка терористичка група активна во Италија во ’70-тите и ’80-тите години.

Откако избегале од Италија, семејството живеело мирен живот.

Карла посетувала гимназија во Лозана, Швајцарија и живеела во интернат, а потоа се вратила во Париз да студира уметност и архитектура.

Сепак, го напуштила училиштето на 19 години за да стане модел.

Бруни беше една од најплатените манекенки во нејзината ера, заедно со Клаудија Шифер, Синди Крафорд и Линда Еванџелиста.

За тоа колку била успешна и барана во ’90-тите, говори и податокот дека нејзината годишна заработка била околу 7,5 милиони долари.

Во времето на најголемата слава, им беше муза на Џани Версаче, Карл Лагерфелд и Жан Пол Готје.

Во април 2008 година, на аукција беше продадена нејзина гола фотографија (од 1993-та година).

Фотографијата се продаде за 65.000 евра, 60 пати повеќе од очекуваната цена.

carla_bruni-02.jpg

Иако манекенството ѝ одеше добро, таа го напушти за да се занимава со музика.

Својот прв албум Quelqu’un m’a dit го издаде во 2003 година. Со албумот помина 34 недели во топ 10 на француската листа на албуми.

Нејзината музика ја сакал и Нелсон Мандела, па ја најмил да му пее на неговиот 91-ви роденден.

Во текот на нејзината музичка кариера продаде пет милиони албуми.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава