Закани за киднапирање, го заведе синот на дечко ѝ: Факти за Карла Бруни, поранешната прва дама на Франција

Бруни има интересна љубовна приказна.

Таа му беше девојка на Ерик Клептон, а потоа и на Мик Џегер.

Но, една од првите врски што ги заинтригира медиумите беше со новинарот Жан Пол Ентховен (73), во 1990-тите.

carla_bruni-03_copy.jpg

Врската меѓу нив не траеше долго, бидејќи Бруни се заљуби во неговиот син, филозофот Рафаел Ентховен.

Во времето кога се запознале, Рафаел бил во брак со Џастин Леви, но набрзо ја оставил за да почне врска со моделот.

Подоцна Карла изјави дека со Жан Пол излегла само неколкупати, а дека Рафаел бил во фаза на развод кога се запознале.

Парот го има синот Аврелиј.

View this post on Instagram

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Раскинаа во 2007 година, бидејќи Рафаел сметал дека се повеќе пријатели отколку љубовници.

И покрај тоа останале во добри односи.

Неколку месеци по раскинувањето со Рафаел, Карла го запознала Никола Саркози, со кого се омажи по кратка романса.

Тие се венчаа во Елисејската палата.

Ова е прв брак на Бруни, а трет на Саркози.

Парот ја има ќерката Џулија, која се роди 2011 година.

Сепак, бракот на Бруни и Саркози не е без скандали.

Компанијата Ryanair искористи нивна фотографија за реклама, па тие го тужеа познатиот авиопревозник.

Францускиот суд пресуди во полза на тогашниот претседател, а парите од тужбата Карла и Никола ги донираа на Les Restos du Coeur, организација која обезбедува оброци за бездомниците.

Кон крајот на август 2010 година, иранскиот државен дневен весник Kayhan ја нарече Бруни „проститутка“ откако таа во отворено писмо ја осуди државата која ѝ изрече казна со каменување на Сакине Мохамади Аштиани, жена која имала вонбрачна афера.

Весникот подоцна јавно повика Бруни да биде убиена поради поддршката што ѝ ја дава на Сакине Аштиани.

Пред неколку години, таа ја основа Фондацијата Carla Bruni-Sarkozy која се занимава со филантропија и се залага за ширење за културата и знаењето меѓу сите луѓе.

Таа јавно изјави и дека ги поддржува истополовите бракови и посвојувањето, поради што, повторно беше осудена.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Мајка му и сестра му загинаа во сообраќајка, вонбрачно дете со стриптизета - Кој е синот на Џо Бајде... Животот на синот на Џо Бајден, Хантер, е исполнет со скандали, но и трагедии – м...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg