Никола Тесла и Исак Њутн никогаш немале односи со жена: 8 чудни факти за познати научници

Знаете ли дека Алберт Ајнштајн добил понуда да биде претседател на Израел?

nikola-tesla-i-isak-njutn-nikogash-nemale-odnosi-so-zhena-8-chudni-fakti-za-poznati-nauchnici-01.jpg

Најголемите умови на сите времиња неретко се ексцентрични личности.

Најпрво, тие дефинитивно го гледаат светот со поинакви очи од нас „обичните“ луѓе, а истовремено, главно не се многу оптоварени за тоа што мисли широката јавност за нив.

Па, за секој познат научник има по барем еден необичен и чуден факт.

Изненадувачки факти за некои од најпознатите научници во светот:

Алберт Ајнштајн добил понуда да биде претседател на Израел

Во 1952 година, на Алберт Ајнштајн му било понудено да стане претседател на Израел.

Но, одбил, изјавувајќи:

„Трогнат сум од понудата и истовремено жалам и сум засрамен што не можам да ја прифатам…

Немам ни дарба ни искуство соодветно да се справувам со луѓе и да извршувам официјални должности“.

nikola-tesla-i-isak-njutn-nikogash-nemale-odnosi-so-zhena-8-chudni-fakti-za-poznati-nauchnici-02.JPG

Зигмунд Фројд бил зависен од кокаин

Фројд не само што бил зависник, туку се фалел дека редовно користи кокаин, па дури и ја препорачувал дрогата на свои пациенти.

Тој период, експертите не биле свесни за штетните последици од кокаинот и медицинската фела ја нарекувала дрогата „чудотворен лек“

Фројд, пак, има издадено и научна студија во која ги наведува бројните „придобивки“ од дрогата што ги забележал на себе.

nikola-tesla-i-isak-njutn-nikogash-nemale-odnosi-so-zhena-8-chudni-fakti-za-poznati-nauchnici-03.JPG

Никола Тесла никогаш немал сексуален однос

Никола Тесла бил познат како ексцентрична личност и по своја желба никогаш немал сексуален однос.

Тој сметал дека сексот и бракот само ќе му го одвлечат вниманието од неговата научна работа, но и дека ќе имаат негативно влијание врз неговиот интелект.

nikola-tesla-i-isak-njutn-nikogash-nemale-odnosi-so-zhena-8-chudni-fakti-za-poznati-nauchnici-04.JPG

И Исак Њутн никогаш немал секс

Исак Њутн проживеал 84 години, но никогаш немал односи со жена.

Иако ова не може да биде целосно потврдено, нема никакви докази дека некогаш имал каква било врска со жена, па до денес постои верувањето дека никогаш немал ни секс.

nikola-tesla-i-isak-njutn-nikogash-nemale-odnosi-so-zhena-8-chudni-fakti-za-poznati-nauchnici-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава