Порано луѓето јаделе египетски мумии и уште 4 морничави факти (што ќе ве држат будни навечер)
Бидејќи мислеле дека се лековити, од 11-ти, па сè до крајот на 18-ти век, Европејците јаделе мумии. Побарувачката била толку голема, што ги увезувале на црно од Египет.
Ако сте љубопитни, некогаш и премногу за ваше добро, веруваме дека ќе ви се допаднат следниве факти.
Иако се морничави, па и застрашувачки, и овие факти ни помагаат да научиме нешто и подобро да го осознаеме светот околу нас.
А, ако сте плашливи, можеби не треба да ги читате навечер:
Месечевата прашина може да нè убие
Досега сигурно сте виделе видеа од Месечината и сте забележале дека нејзината површина е покриена со ситна прашина која наликува на брашно. Но, оваа прашина може да ве убие ако случајно ја вдишете.
Месечевата прашина е составена со ситни честички кои се остри, па ако ја вдишете, може да создаде мали исекотини на дишните патишта и белите дробови.
Во ваква ситуација се има најдено астронаутот Харисон Шмит кој за време на неговата прошетка на Месечината во 1972 година вдишал од прашината.
Иако вдишал минимално количество, грлото постојано го болело, очите му солзеле и не можел да престане да кива.
И други астронаути кои биле на Месечината имаат пријавено слични симптоми поради малото количество прашина што влегло во вселенските капсули.
Иако сите закрепнале, нивните симптоми биле поттик за низа истражувања кои покажале дека месечевата прашина е многу токсична за луѓето.
Атомските бомби оставаат таканаречени нуклеарни сенки
Бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки се смета за една од најголемите трагедии, но уште поморничаво е што оние кои биле „збришани“ од експлозијата, зад себе ги оставиле нивните сенки.
Овие сенки се забележани и на растојание од 260 метри од центарот на експлозијата.
Нуклеарните сенки не се остатоци од загинатите, туку настануваат бидејќи нивните тела ја блокирале светлината од експлозијата.
Бидејќи станува збор за многу јака светлина, таа ја избелува земјата, но не и местото каде што телото на жртвите „фрлало“ сенка.
На фотографијата подолу се гледа ваква сенка од експлозијата во Хирошима.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





