Порано луѓето јаделе египетски мумии и уште 4 морничави факти (што ќе ве држат будни навечер)
Порано луѓето јаделе мумии
Од 11-ти, па сè до 15-ти век, Европејците јаделе египетски мумии бидејќи верувале дека имаат лековити својства. И, целиот бизарен тренд почнал поради погрешен превод и недоразбирање.
Имено, во Арапскиот свет се користела супстанца позната како „мумија“ која имала лековити својства.
Кога луѓето од западот почнале да ги преведуваат арапските текстови, мислеле дека лековитата супстанца се однесува на мумифицирани тела, па со ова ја создале забуната дека јадењето мумии е добро за здравјето.
„Лекот“ брзо се прославил низ Европа, па почнале и да се шверцуваат мумии од Египет. Уште поморничаво е што некои Европејци продавале мумифицирани тела на робови и лажеле дека се египетски мумии.
Дури кон крајот на 18-тиот век луѓето почнале да се сомневаат во делотворноста на „лекот“, па јадењето мумии постепено изумрело.
Несоницата може да биде фатална
Во животот скоро сите ќе се соочиме со несоница. Но, кај повеќето ова ќе трае краток период и освен што ќе бидеме уморни, нема да почувствуваме некој значаен ефект.
Сепак, кај мал број луѓе се јавува вид несоница чиј исход е смрт.
Познато како фатална фамилијарна несоница (fatal familial insomnia), ова нарушување е смртоносно и засега не постои лек.
Лицата кои страдаат од овој вид инсомнија воопшто не можат да заспијат, поради што им се оштетуваат мозокот и нервниот систем, а сето ова резултира со смрт. Откако ќе се појават симптомите, смртта настапува по околу 18 месеци.
За среќа, ова нарушување е особено ретко и се претпоставува дека е наследно, односно не може да се појави кај кого било.
Постои феномен каде човечкото тело се самозапалува без причина
Таканареченото спонтано човечко согорување (spontaneous human combustion) се однесува на феномен каде телото на една личност се самозапалува, наводно без никаков извор на топлина.
Постојат неколку вакви пријавени случаи каде некоја личност, едноставно, почнува да гори и умира.
Експерти ги имаат анализирано сведоштвата за овој феномен и имаат неколку претпоставки.
Иако некои луѓе веруваат дека станува збор за нешто натприродно, засега експертите веруваат дека огнот сепак е предизвикан од нешто надворешно, на пример искра која не ја видел никој.
Експертите најверојатно се во право, но сепак останува фактот дека има вакви случаи кои дефинитивно се застрашувачки.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





