Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто точни
Бетовен не го загубил слухот одеднаш и напишал многу дела пред да оглуви
Проблемите со слухот на Бетовен почнале во неговите доцни 20-ти. Постепено прогресирале и до средината на 40-тите години од животот, веќе целосно го изгубил слухот.
Но, дотогаш Бетовен веќе бил експерт за музика и имал напишано низа познати дела, па го искористил своето дотогашно знаење за да продолжи да компонира.
Сепак, иако веќе бил искусен композитор додека да оглуви, фактот дека можел да продолжи да пишува музика и без слух е фасцинантен.
Библиотеката во Александрија не била уништена од еден голем пожар
Многу историчари и љубители на историјата се согласуваат дека уништувањето на библиотеката во Александрија во Египет е една од поголемите загуби на човештвото.
Повеќето, пак, ја имаат слушнато приказната дека библиотеката изгорела одеднаш, во голем пожар.
Во реалноста, уништувањето на библиотеката било процес кој траел – имало низа пожари, не се водела добра грижа за колекцијата, а имало и бројни воени конфликти кои нанесувале штета на библиотеката.
Шлемовите на викинзите немале рогови
Викинзите се претставувани како моќни воини чии шлемови биле украсени со рогови. Но, интересно е што засега нема ниту еден доказ дека нивните шлемови биле вакви.
Според археолошките наоди, шлемовите што ги носеле биле едноставни и практични, направени од железо. Некогаш имале и дел за заштита наносот.
Доколку имале шлемови со рогови, поверојатно е дека ги користеле за ритуали отколку за војување.
Се претпоставува дека заблудата во којашто веруваат сите потекнува од 19-тиот век, кога викинзите биле претставувани со вакви шлемови во цртежи и театарски претстави.

Луѓето во Средниот век не мислеле дека земјата била рамна
Древните Грци сфатиле дека Земјата има кружна форма уште во петтиот или шестиот век пред нашата ера. Па, образованите Европејци од Средниот век не мислеле дека е рамна.
Се претпоставува дека митот за рамна земја се прослави околу 19-тиот век, но како критика кон владеењето на католичката црква во Средниот век (од 5-ти до 15-ти век).
Овој период е познат и како „мрачен век“ бидејќи црквата го ограничувала пристапот до образование и научно знаење на луѓето.
Но, нема докази дека мнозинството луѓе од овој период верувале во рамна земја.
Колумбо не тргнал на пат околу светот за да докаже дека Земјата е кружна
Во 1942 година, Колумбо тргнал на пат околу светот бидејќи сакал да најде нов побрз, односно пократок пат до Азија.
Тој сакал да покаже и дека Земјата не е толку голема колку што луѓето мислеле.
Па, кога тргнал на патувањето, луѓето не стравувале дека ќе падне од работ на планетата бидејќи, како што спомнавме претходно, тие не верувале дека Земјата е рамна.
Наместо тоа, загриженоста била околу должината на патот, односно дали Колумбо ќе има доволно храна и вода за долгото патување.
Спирова С. | Црнобело
