Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти за Ник Кејв, кој вчера пееше во Скопје

Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и првпат пееше преде македонската публика. Што знаеме за екстравагантниот музичар?

vonbrachniot-sin-go-zapoznal-na-7-godini-negovata-smrt-ja-opishuva-kako-najteshka-vo-zhivotot-fakti-za-nik-kejv-koj-vchera-peeshe-vo-skopje-01.jpg

Фронтменот на бендот Bad Seeds, Ник Кеј, е роден во септември 1957-ма, и на свои (скоро) 68 години изгледа одлично.

Вчеравечер тој првпат настапи пред македонската публика. Беше и енергичен и меланхоличен и воодушеви со својата изведба.

Но, животот не „го галел“ секогаш, а Кејв низ годините имаше и подеми и падови, а можеби најголемиот од сите е загубата на синот.

Што знаеме за Ник Кејв?

Роден е во Варакнабил, Австралија, но голем дел од животот го поминал во Бразил и во Велика Британија.

На последниот училиштен ден, Ник и неговите другари се облекле во женски алишта и сите што ги исмевале ги удирале со врежи во кои имало цигли.

Првиот бенд му се викал The Birthday Party, а станале познати поради свирепите шоуа во живо.

„Сакавме да излеземе, да ги злоупотребуваме луѓето, да ги напаѓаме и да ги повредуваме“, рекол тој во една пригода.

Во 1990 година се преселил во Сао Паоло, Бразил, за да побегне од панк и готика култовите кои го сметале за свој идол.

Ник се опседнал со Бразил откако го гледал филмот Pixote, во кој се прикажува страшната реалност на младите деликвенти во земјата.

Кејв е талентиран сценарист, па Расел Кроу инсистирал токму тој да го напише сценариото за продолжението на Gladiator, но продуцентите и студиото ги одбиле неговите идеи.

„Сакав да напишам анти-воен филм и да го искористам гладијаторот како бесна воена машина.

Тој почина во првиот ден, па сега сакав да се врати како вечен воин. Филмот требаше да заврши со Виетнам и Пентагон“ - рекол тој за својата идеја.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Најемотивните стихови од песните на Владо Јаневски: „А над мене ќе никнат булки, црвени ко мојта крв... Од „Некогаш и негде“, преку „Тајна отровна“, „Што и да е, ќе помине“, „Евергрин“...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава