Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)?
До 2010 година, Исак Андик бил прогласен за втората најбогата личност во Шпанија, со богатство од околу 4,5 милијарди долари.
Што се однесува до приватниот живот, Исак не бил личност која сака да се експонира.
Со првата сопруга добил три деца, од кои најстарото, синот Џонатан, ја наследи неговата позиција во Mango.
Тој имаше врска и со позната стилистка, а до крајот на животот беше во врска со голф играчка од Шпанија.
Смртта на милијардерот во 2024 година беше шок, но и обвиена со мистерија.
На 14-ти декември, 71-годишниот милијардер бил на планина во близина на Барселона, кога паднал од карпа и загинал.
Тој период шпанските медиуми даваа разни верзии на несреќата – некои тврдеа дека паднал од карпа, додека други велеа дека паднал во бездна.
Единствено се знаеше дека паднал од околу 150 метри височина и им подлегнал на повредите.
Со него биле неколку членови од семејството, како и неговиот син.
Околностите за несреќата се непознати за јавноста, но во октомври 2025 година беше објавено дека неговиот најстар син е осомничен.
Како што пренесоа шпанските медиуми, изјавите на син му Џонатан биле контрадикторни, па се јавил сомнеж дека можеби тој го турнал од карпата.
Во 10-месечната истрага, наводно не биле најдени цврсти докази што го поврзуваат со смртта на татко му, додека останатите членови на семејството се сигурни дека е невин.
Истрагата уште е во тек и јавноста не е запознаена со други детали.
Спирова С. | Црнобело
