Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
Ацо е во брак со неговата сопруга Билјана од март 1994 година.
Парот има три ќерки - Магдалена, Марија и Ива.

Како еден од најтешките животни моменти го опишува времето кога сопругата Билјана била итно пренесена во болница поради пукната аневризма на мозокот и оперирана.
По операцијата лекарите им кажале дека шансата за нејзино преживување е многу мала и дека „од 1000 пациенти само еден преживува ако пукне аневризма“.
Таа сепак се спасила, но со сериозни последици - 3 месеци од нејзиниот живот ѝ биле „избришани“, немала сеќавања за тој период, не можела да зборува нормално и морала повторно да учи да оди и да зборува.

Пејовиќ е религиозен човек кој оди на црква, па во времето на болеста на сопругата постојано се молел за неа.

Тој ги отфрли гласините дека ја изневерувал сопругата, велејќи дека ѝ е верен, посветен и дека таа и ќерките му се сè на светот.

Во еден момент призна дека имал период од животот во кој многу пиел, но го оставил алкохолот и води здрав живот.

Неговиот дом, според некои медиуми, се проценува на околу 800.000 евра.

Со него е поврзан и скандал со измама на жени.
Имено, некој направил лажен профил со неговото име на социјални мрежи, и „барал од неколку жени да му испратат пари“.
Пејачот одржа прес конференција за да објасни дека не е тој во прашање, но и кажа дека не постои начин да влијае на ваквите ситуации.
А. Ј. | Црнобело
