Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?

На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена која јавно дарувала крв... Со сопругот и децата пребегна во егзил во 1979 година, и тоа го направи со стил, знејќи дека сите очи ќе бидат вперени кон нив. А таму, две нејзини деца се самоубија. 

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-01.jpg

Нејзиното височество, Фара Пахлави (87) е последната царица (шахбану) на Иран.

Таа беше во брак со шахот Мохамед Реза Пахлави, последниот император на земјата и мајка е на престолонаследникот на земјата.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-23.jpg

И покрај тоа, од 1979 година живее во егзил, на релација САД-Франција. Во тоа време, беше соборен режимот на незиниот сопруг, па таа со семејството побегна од земјата.

Тоа го направи во капут Valentino и иста шубара, а подоцна изјави дека сакала да си замине со крената глава на ужасниот ден, особено што знаела дека сите очи ќе бидат вперени кон нив.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-10.jpg

Но, таа и од далеку се залага за демократија во земјата, а неодамна ги поддржа и масовните протести и демонстрантите кои излегуваа на улица, во Иран, но кои беа крваво задушени од сега веќе покојниот ајатолах Хомеини.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-14.jpg

Што знаеме за последната царица на Иран?

Фара Пахлави е родена во Техеран на 14 октомври 1938 година, како единствено дете во богато семејство.

По смртта на нејзиниот татко во 1947 година, семејството загубило голем дел од богатството.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-08.jpg

Но, Фара почнала да се школува во италијанско училиште, а подоцна заминала да студира архитектура во Париз, каде што се запознала со Мохамед Реза Шах Пахлави на прием во иранската амбасада во 1959 година.

Свршувачката на двојката била објавена на 1 декември истата година, а тие се венчале три недели подоцна.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-09.jpg

На венчавката таа носеше креација од Yves Saint Laurent.

Фара е третата сопруга на шахот, но од нив тој не доби син и наследник на царскиот трон.

vo-egzil-e-skoro-50-godini-pobegna-od-zemjata-vo-kaput-valentino-koja-e-poslednata-carica-na-iran-22.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава