Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
Го роди престолонаследникот Реза во 1960 година, а потоа уште 3 деца - принцезата Фараназ во 1963 година, принцот Али Реза во 1966 година и принцезата Лејла во 1970 година.
Две од четирите деца се самоубија во временски период од 10 години.

Во 1967 година беше првата формално крунисана кралица во историјата на модерниот Иран.
На церемонијата носеше фустан од Dior и дијамантска тијара Noor-ol-Ain (светлина на окото), чиј централен камен е редок розов дијамант.

Но, таа не беше само симбол на моќ и гламур, туку и заштитничка на културата и уметноста.
Во 1960-тите и 70-тите години, таа патуваше низ цел Иран за да ги поддржи социјалните и економските реформи на својот сопруг за унапредување на правата на жените и децата, лицата со попреченост и хендикепираните лица, културата и уметноста, науката и медицината, архитектурата и животната средина.

Под покровителство на нејзината фондација, финансиски поддржуваше музеи, уметнички центри и десетици добротворни организации и работеше неуморно за да ја застапува иранската култура и уметност, да ги охрабри луѓето да ги ревитализираат традиционалните ирански ракотворби.
Царицата го основаше и Универзитетот Шираз, првиот универзитет од американски тип во Иран, и влијаеше на зголемување на бројот на девојки кои одат на студии, па сруши и многу бариери за време на нејзините две децении поминати на престолот.

Таа беше првата жена во муслиманска земја што јавно даруваше крв.
Ги поддржуваше и лепрозните во Иран кои претходно биле подложени на дискриминација - ги посетувала колониите за лепрозни кон крајот на ’60-тите години и го убедила својот сопруг да донира парцела земја за тие да можат да бидат сместени во модел заедница, да добијат образование и да работат за плата.

Но, режимот на нејзиниот сопруг беше срушен и на 16 јануари 1979 година, царицата Фара и шахот го напуштија Иран и отидоа во егзил.
Мохамед Реза почина следната 1980-та година, а таа остана сама со децата.

Но и во егзил живее богат социјален живот. Нејзин близок пријател преку 45 години е модниот дизајнер Валентино.
А кога со семејството бегаше од Иран, таа носеше капут со неговиот потпис и крзнена шубара во истиот стил.

А. Ј. | Црнобело
