Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-актерка
Подоцна призна дека наишла на многу стереотипи за себе, а одбивањата биле со образложение дека е „премногу секси“.
„Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата“. Тоа е толку разочарувачки и жално“, изјави во едно интервју.

Пресвртот во нејзината холивудска кариера се случи кога режисерот Роберт Родригез ја избра за улогата на кралицата на вампирите Сантанико Пандемониум во серијата From Dusk Till Dawn, улогата што ја прослави Салма Хајек преку истоимениот култен филм.
Оваа улога ѝ донесе меѓународно признание и ѝ отвори врата кон големи филмски проекти.

Иако нејзината кариера изгледа како бајка, приватниот живот ѝ го обележа голема трагедија.
Таа имаше 12 години, нејзиниот татко Карлос загина во сообраќајна несреќа со мотоцикл.
Оваа загуба остави длабока трага врз неа и, како што јавно призна подоцна, беше причина за тешка депресија.

Пред неколку години во објава на Инстаграм, по повод Неделата на свеста за нарушувањата во исхраната, таа откри дека со години се борела со компулсивно прејадување и телесна дисморфија.
„Од 15 до 20 години поминав низ тежок период. Јавниот притисок и постојаните критики за мојот изглед кога бев тинејџерска ѕвезда доведоа до тоа опсесивно да ја мерам сопствената вредност и преку мерењето килограми“, напиша таа, додавајќи дека се чувствувала несигурно во сопствената кожа.

Денес, таа отворено зборува за важноста на менталното здравје и самоприфаќањето, истакнувајќи дека нејзиниот пат до закрепнување бил долг, но дека научила да го сака своето тело и да го храни со почит.
Како една од најубавите жени во Холивуд, Гонзалес постојано привлекува медиумско внимание и со својот љубовен живот, иако се обидува да го држи што подалеку од очите на јавноста.
Но, низ годините, таа беше поврзувана со бројни познати мажи.

Еиза беше во долга врска со колегата од серијата From Dusk Till Dawn, диџеј Котрон, а подоцна и со актерот Џош Думел.
Ја поврзуваа и со Лиам Хемсворт, веднаш по неговиот развод од Мајли Сајрус, а со Тимоти Шаламе имаше кратка романса во 2020 година.
Во 2022 година беше во врска со актерот Џејсон Момоа, но последнава година ужива во љубовта со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кого често го бодри од трибините на турнирите.

А. Ј. | Црнобело
