20 работи кои би сакалe да ги знаевте на 20 години

11. Ако не сте задоволни од своето тело, движете се повеќе

Веднаш ќе се чувствувате подобро. Дури и ако изедете некоја калорична храна, штом вежбате и се движите, сигурно ќе се чувствувате позадоволно и посреќно.

12. Ако држите диета, не мора тоа да ви биде постојана тема на разговор

Кога одбирате да бидете вегетаријанец, веган и слично, тоа не мора директно да влијае со начинот на исхрана на другите луѓе и постојано да им објаснувате или да ги убедувате.

13. Научете сами да јадете во ресторан, без да се чувствувате непријатно

Ќе се наоѓате во такви ситуации и подоцна, и тоа не е ништо страшно, навикнете се.

14. Патувајте најмногу што можете

Патувајте, движете се, истражувајте, тоа е најголемото искуство и богатство што ќе ви вреди за цел живот.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-5

15. Не го трошете времето на луѓе и работи кои не ве интересираат

Ако излегувате со некој само затоа што ви е досадно или имате потреба од внимание, тогаш тоа повеќе зборува за вас како личности, отколку за другите. Не ги злоупотребувајте луѓето и околностите.

16. Трошете повеќе време на добрите работи

Не се трудете да ги менувате другите луѓе околу вас, нивната слика за тоа што вие сакате. Потпрете се на вашите критериуми за однесувањето на луѓето.

17. Научете да прифатите и да продолжите

Ако некој не знае да ве цени такви какви што сте, тогаш не е вреден за вас.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-6

18. Ќе го преболите скршеното срце

Ќе ве боли многу, ќе ви биде тешко, но ќе ви помине и ќе мора да продолжиш понатаму.

19. Кога сакате некого, тоа ги надминува сите негови маани и гревови

Колку и да сакате да се изборите против тоа, во време на најголемата заљубеност не ги гледате мааните на другата личност и прифаќате сè. Бидете внимателни, барем повремено да ги погледнете реално работите, за да не заглавите.

20. Не знаете сè и тоа е во ред

Имате само 20 години и уште многу години и лекции за учење. Најважно е да знаете да се чувствувате добро во сопствената кожа, да бидете свесни и да се прифаќате такви какви што сте.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-7



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg