10 факти поради кои ќе посакате да имате куче
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


10 факти поради кои ќе посакате да имате куче

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-01

Познато е дека кучето е најдобар пријател на човекот. Но, овие животни се повеќе од другари и некој со кој ќе го поминете слободното време. К

учињата се суштества кои прават неверојатни работи со кои го заслужуваат нашето воодушевување.

1. Кучињата ја чувствуваат човечката тага

Кучето побрзо ќе му пријде на човек кој пати или плаче, отколку на оној кој е смирен. Тие чувствуваат емпатија и сакаат да им помогнат и да ги утешат тажните луѓе.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-1

2. Кучињата може да откријат рак

Благодарение на нивното сетило за мирис, се покажало дека кучињата можат да откријат рак кај луѓето во нивна близина, со точност од 70% до 99%.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-2

3. Кучињата можат да почувствуваат напад пред да се случи

Неколку часа пред пациентите да добијат епилептичен напад, кучињата можат да насетат и да ги предупредат.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-3

4. Кучињата го намалуваат стресот на работа

Оние кои имаат можност своите кучиња да ги носат и на работното место, се многу посмирени и со помал стрес бидејќи кучињата ги расположуваат и им го намалуваат стресот.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-4

5. Кучињата го чуваат здравјето на децата

Уште една спроведена студија покажала дека бебињата кои се опкружени со кучиња во својот домот се поздрави. Кај децата без домашни миленичиња се почести настинките, алергиите и инфекциите. Се смета дека причината за тоа е што кучињата обожуваат да се валкаат во прашина, а со тоа го зајакнуваат имунитетот на децата.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-5

6. Кучињата помагаат да ја одржите кондицијата

Децата кои имаат кучиња се поактивни и почесто вежбаат од оние кои немаат. Трчањето со куче е забавно, а кучињата помагаат и мотивираат.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-6

7. Кучињата откриваат ниско ниво на шеќер во крвта

Нивното сетило за мирис е помоќно отколку што мислите. Тие може да намирисаат дури и шеќер во крвта. Можат да предупредат дека некому му е низок шеќерот или лаат за да повикаат помош ако некој има напад. Кучињата така имаат спасено многу дијабетичари.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-7

8. Кучињата ве штитат од алергии

Кучињата може да бидат тренирани за да откриваат одредена алергија. Доколку сопственикот е алергичен на млеко, кучето ќе го предупреди ако го намириса тоа во храната која треба тој  да ја изеде.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-8

9. Кучињата им помагаат на луѓето да се социјализираат

Кучињата функционираат како „друштвени катализатори“ кои им помагаат на луѓето почесто да излегуваат, да комуницираат и да не се изолираат.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-9

10. Кучињата спречуваат појава на егзема кај децата

Децата помлади од една година кои имаат куче се помалку склони кон развивање хронични кожни болести.

10-fakti-poradi-koi-ke-posakate-da-imate-kuce-10

Би можело да ве интересира:

Најубавите цитати на Маја Анџелоу: Бидете виножитото во нечии облаци Таа е жена-борец во вистинска смисла, која ги рашири своите крилја за да го прег...
10 чекори до среќа од руски психолог: „Рутината не е секогаш лоша“ Зошто сме несреќни, кои се препреките на кои наидуваме на патот кон среќата и ка...
Имал брак од 4 месеци, секаде ја носи мајка си: 18 факти за Бредли Купер Кога беше прогласен за најсекси маж на светот изјави дека навистина му се допаѓа...

Најчитани неделава