Кери Бредшо: Зошто има толку фантастични немажени девојки, а нема толку фантастични слободни мажи?

Телевизиската легенда на ова време кажа многу работи кои уште долго ќе се повторуваат и потврдуваат. Некому звучат забавно, некому романтично или фантастично. Има и такви на кои веќе им се досадни, но не можат, а да не признаат дека најголем дел од нив се потврдени и точни.

keri-bredsho-vecna-zagatka-e-zosto-ima-tolku-fantasticni-nemazeni-devojki-a-nema-tolku-fantasticni-slobodni-mazi-01

Потсетете се на дел од нив:

1. Потрошив  илјадници долари за чевли, а немам каде да живеам. Буквално ќе бидам старица која живеела во чевли.

2. Факт е дека понекогаш е навистина тешко да одите во чевлите на сингл девојка или жена. Затоа ни се потребни добри чевли од време на време за да си ја направиме прошетката позабавна.

3. Девојките од дваесет и некоја година се навистина фантастични, сè додека не ги видите со оној кој ви го скршил срцето.

4. Ги сакам парите онаму каде што можам да ги видам - на полиците во мојот орман.

5. Универзумот можеби не игра фер, но барем има проклето добра смисла за хумор.

6. Таму некаде постои мал чудак кој ќе нè сака, разбира и бакнува во чело и ќе направи сè да биде подобро.

keri-bredsho-vecna-zagatka-e-zosto-ima-tolku-fantasticni-nemazeni-devojki-a-nema-tolku-fantasticni-slobodni-mazi-1

7. Барам љубов. Вистинска љубов. Забавна, необична, привлечна. Барам љубов без која нема да можам да живеам.

8. Да се биде сингл порано значеше дека никој не те сака. Сега значи дека си доволно секси за да одлучиш кого го сакаш во својот живот.

9. Велат дека трендовите се менуваат, доаѓаат и поминуваат, но пријателството никогаш не излегува од мода.

10. Во секоја врска доаѓа период кога романтиката ѝ го отстапува местото на реалноста.

11. Се менуваат годишните времиња, се менуваат градовите. Луѓето влегуваат и излегуваат од твојот живот. Но утешно е да знаеш дека оние кои ги сакаш секогаш се во твоето срце.

12. Кога мажите прават храбри гестови, тогаш се романтични. Кога жените го прават истото се сметаат за очајни.

13. Мажите кои изгледаат атрактивно не се добри во креветот, бидејќи едноставно тоа не им е потребно.

14. Вечна загатка е: Зошто има толку фантастични немажени девојки, а нема толку фантастични слободни мажи?

keri-bredsho-vecna-zagatka-e-zosto-ima-tolku-fantasticni-nemazeni-devojki-a-nema-tolku-fantasticni-slobodni-mazi-2

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg