Инспиративни цитати од Опра Винфри

Американска телевизиска личност, актерка, продуцент, водител а пред се светскиот филантроп Опра Винфри е жена која за краток период од нејзиното појавување ја доби титулата за највлијателна жена во светот.

15-inspirativni-citati-od-opra-vinfri-01.jpg

Доколку сакате да ја дознаете тајната на нејзиниот успех прочитајте ги нејзините инспиративни цитати кои имаат моќ да го подигнат духот на секој човек во светот.

1. Најголемата авантура која може да ја доживеете е живеење на животот кој отсекогаш сте го посакувале.

2. Дишете, ослободете се и потсетете се дека овој момент е оној кој го имате со сигурност, за другите никогаш не се знае.

3. Сè се случува со причина иако понекогаш не сме доволно мудри да ја препознаеме причината.

4. Можеш да добиеш сè што посакуваш, но не одеднаш.

5. Следи ги инстинктите, во нив лежи твојата мудрост.

6. Биди благодарен на тоа што го имаш и ќе добиеш повеќе. Во спротивно никогаш нема да ти биде доволно.

7. Тоа што го даваш во животот, повторно се враќа кај тебе.

8. Еден од најопасните животни ризици е да не се ризикува.

9. Секогаш кога ќе паднете погледнете го светот од долу. Ќе имате потполно нова перспектива.

10. Возбудата е енергија. Почувствувајте ја моќта што доаѓа од тоа што ве возбудива.

11. Сите сакаат да се возат со тебе во лимузината, но ти барај човек со кој ќе го чекаш автобусот кога лимузината ќе се расипе.

12. Ако сакаш твојот живот да биде полн со успеси и награди, промени го начинот на кој размислуваш.

13. Размислувај како кралица, таа никогаш не се плаши од неуспех.

14. Нештото од кое се плашите всушност нема никаква моќ, вие му ја давате моќта.

15. Претворете ги вашите рани во мудрост.

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg