10 факти кои не сте ги знаеле за филмот Breakfast at Tifanny's

Одри Хепберн е вистинска филмска дива и модна икона на која многумина ѝ се воодушевуваат.

10-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-breakfast-at-tifanys-01

Една од нејзините најзначајни улоги е во филмскиот евергрин „Breakfast at Tiffany’s“ за кој има барем 10 факти кои сигурно досега не сте ги знаеле.

1. Првиот избор на Труман Капоте за улогата на Холи била Мерилин Монро. Единствената причина поради која Мерилин ја одбила улогата бил советот на нејзината агентка. Авторот на бестселерот, Капоте, во 1958 јавно го изразил своето незадоволство од тоа што била одбрана Одри Хепберн за улогата. 

2. Долгиот црн фустан кој го носи Одри во првата сцена е дизајниран специјално за неа. Живанши го дизајнирал во 1961-та година и по смртта на Одри во 1993-та истиот е дониран и продаден за 900.000 долари.

3. Данскиот домашен сладолед за кој се тврди дека и бил омилен на Хепберн вушност бил обичен сладолед.

4. Станот на Холи Голајтли лоциран на Менхетен во 2011 година е продаден за 5,85 милиони долари. Мебелот е зачуван од страна на продуцентската куќа Paramount, а самиот стан се состои од три соби и солариум.

5. Добро познатите преголеми очила на Одри во чест на 50-годишнината од создавањето на филмот повторно може да се купат за 440 долари. Уште нешто, иако истите често се верува дека се „рејбанки“, дизајнирани се од Olivier Goldsmith.

6. Улогата на Пол првично му била дадена на Блејк Едвардс. Иако сакал да ја преземе, не бил во можност благодарение на забраната од продуцентите на серијата која ја снимал - Wanted: Dead or alive.

7. И Фред Флинстон има улога во филмот. Глумецот Алан Рид кој ја игра улогата на криминалецот Сели Томато е оригиналниот глас во цртаните Флинстонс.

8. Јапонскиот карактер на Мики Руни во 2008-та добива сериозни критики благодарение на тоа што е прикажан како иронична карикатура и претставите во Сакраменто се откажани. Мики Руни на прес-конференција изјавил: „Никогаш во овие четириесет години не сум добил поплаки. Луѓето често ми велеа дека сум доста смешен дечко во филмот“.

9. Добро познатата песна „Moon River“ композирана од Хенри Манцини и напишана од Џони Мерсер продуцентите на филмот воопшто не сакале да биде вовед на филмот. Одри на ова силно протестирала и со право. Песната го освојува оскарот за најдобра оригинална песна.

10. Добро познатата продавница Tiffany's изјавила благодарност за бесплатниот публицитет, но и покај благодарноста, за да ги заштити своите скапоцености за време на снимањето најмила обезбедување од дури 40 дополнителни луѓе.

 daset-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-filmot-breakfast-at-tifanny-s-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg