Кинески мудрости: Кој ја бара вистината мора да знае да ја издржи


Убавите цветови се убави само некое време и не паѓа секое дрво со првиот удар. Старите Kинези секогаш се грижеле мудроста добро да ја пренесат во пишани зборови и поговорки.

drevna-kineska-mudrost-covekot-e-srekjen-onolku-kolku-shto-umee-da-gi-usrekji-drugite-01.jpg

Старите Kинези имале традиција и навика на поставување кратки мудрости на ѕидовите од нивниот ходник. Целта, секако била главно, да ги потсети на важните работи во животот, a не просто како декорација на белите празни ѕидови. Овие пораки ги потсетувале на тоа дека треба да останат позитивни, да внимаваат на умереноста, да се сеќаваат на минатото и своите предци, да размислуваат за своето однесување и воопшто како да живеат.

Во некои кинески семејства традицијата останува, а еве некои од најубавите кинески кратки народни мудрости:

„Ако си трпелив во еден миг на лутина, ќе избегнеш 100 дена на тага“.

„Ако сакаш да престанеш да пиеш, набљудувај пијаница додека си трезен“.

„Внимавај кога ќе посакаш нешто. Желбата може да ти се оствари“.

„Големата среќа доаѓа од небото, малата од човекот“.

„Виното не го опива човекот, туку човекот се опива самиот себеси“.

„Повеќе вреди да го познаваш ликот на твоите непријатели одошто на твоите грешки“.

„Враната е секаде подеднакво црна“.

„Децата се огледало на родителите“.

drevna-kineska-mudrost-covekot-e-srekjen-onolku-kolku-shto-umee-da-gi-usrekji-drugite-1.jpg

„Детскиот живот е како листови хартија на кои секој запишува по нешто“.

„Животот е само мост. Не гради куќа на мостот“.

„И убавите цветови се убави само некое време“.

„И добриот човек приликата често го колеба“.

„Еден разговор со мудра личност вреди повеќе месеци учење од книга“.

„Кога богатиот ќе стане сиромав, тој станува учител“.

„Кога среќата ни се насмевнува, сретнуваме пријатели, а кога ќе ни го сврти грбот, сретнуваме убава жена.“

drevna-kineska-mudrost-covekot-e-srekjen-onolku-kolku-shto-umee-da-gi-usrekji-drugite-2.jpg

„Кој ја бара вистината мора да умее да ја издржи“.

„Мислата е слична на копањето бунар: водата е прво матна, а потоа полека се разбиструва“.

„Размислувањето не е исто со сакањето“.

„Младоста предлага, староста одлага, средината извршува.“

„Најдоброто време за садење дрва е пред 20-те години. Другото најдобро време за садење дрва е сега.“

„Не бидете мрзеливи затоа што мрзеливоста е најголем непријател на доблестите“.

„Не паѓа секое дрво со првиот удар“.

„Не го заведува човекот само убавината на телото, туку и убавината на духот“.

„Неколку чаши  вино склопуваат стотина работи“.

„Парите некогаш ги решаваат неприликите, но и ги создаваат“.

„Патот од илјада километри започнува со првиот чекор“.

„Патот до пеколот е поплочен со добри намери“.

„Трпение. Со време и од тревата нараснува млеко“.

„Трпеливо издржи мала загуба и ќе бидеш поштеден од големата“.

„Дури откако ќе пристигне зимата знаеме дека борот и чемпресот се зимзелени.“

„Чистата совест не се плаши од чукањата навечер.“

drevna-kineska-mudrost-covekot-e-srekjen-onolku-kolku-shto-umee-da-gi-usrekji-drugite-3.jpg

„Човекот е среќен онолку колку што умее да ги усреќи другите“.

„Човекот кој може да ги победи другите е само силен, човекот кој умее да се победи себеси е семоќен“.

„Слушам и заборавам, гледам и паметам. Работам и разбирам“.

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg