10 Мудри совети за жените во 30-тите

Секое животно доба со себе носи ново искуство заради кое стануваме сѐ помудри и позрели.

10-mudri-soveti-za-zenite-vo-30-tite-1

Ако сте на прагот на 30-тите или веќе сте навлезени во овие години, тогаш прочитајте ги овие мудри совети кои треба да бидат ваш водич:

1. Без разлика колку добра била забавата, направете сѐ што треба за да се разбудите во вашиот кревет.

2. Помеѓу парчето торта и бисквитот, направете го вистинскиот избор и напијте се чаша вода.

3. Ако поминал полноќ, а вие треба да ја измиете косата, да се депилирате или лакирате - секогаш одберете го спиењето. Влакненцата на нозете можете да ги прикриете, на главата да ставите шешир или марама, а ноктите средете си ги пред излегување од дома. Најважен е сонот, бидејќи со ништо нема да можете да го прикриете уморното лице и лошото расположение.

4. Патувајте! Искористете ја секоја можна прилика за стекнување нови искуства.

5. Пред да проценувате некоја ситуација, секогаш запрашајте се: „Дали е ова моја работа?”.

6. Трошењето на време на напорен човек има смисла само доколку вие сте доктор, а тој е ваш пациент.

7. Помеѓу бурна романса и заработување на пари, направете го изборот во корист на второто.

8. Во кавга не се раѓа вистината, туку главоболката.

9. Неколку денови во самотија делуваат подобро од најскапиот спа центар.

10. Ниеден маж не вреди толку многу за да мора да ги носите најнеудобните штикли. Бидете свои.

Би можело да ве интересира:

Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg