Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најубавите мисли за мажите и жените: Ако имаш млада жена и старо вино, биди подготвен за полна куќа гости

Колку и да се критикуваме меѓусебно, ниту жените можеме без мажите, ниту мажите без жените. Многу текстови, дела, слики, мисли се создадени под инспирација од спротивниот дел.

najubavite-misli-za-mazite-i-zenite-ako-imas-mlada-zena-i-staro-vino-bidi-podgotven-za-polna-kuka-gosti-01.jpg

Ви ги пренесуваме најубавите мисли за мажите и жените:

- Адам е единствениот маж на Земјината топка  кој ја имал таа  единствената можност  и привилегија над сите останати мажи после него. Ева била единствената жена на светот која немала и не можела да му ги наброи сите мажи што ги имала пред него. ( Питер Јустинов )

-  Кога жените се со замаглени очи, тогаш мажите не гледаат јасно. ( Мишел Турније )

-  Кога мажите би настојувале да ги задржат своите жени исто како што и ги придобиле, тогаш разводи речиси и да нема. ( Фил Сетерс )

-  Кога маж и се додворува на жена , тогаш тој верува дека ќе и се допадне. Кога на жената ќе и се допадне некој маж, тогаш таа очекува тој да и се додворува. ( Клаудија Кардинале )

- Мажите се љубоморни на нивните претходници, а жените на нивните наследнички. (Маршал Ашар)

-  Најлошо зборуваат за жената, оние мажи кои биле најсреќни во љубовта. ( Јован Дучиќ )

-  Паметната жена постапува со мажот како ковачот со железото: прво добро ќе го загрее а потоа го моделира по својот вкус. ( Среќко Лазар )

- Причината поради која мажите повеќе ја ценат убавината од интелигенцијата е што на светот има повеќе глупави отколку слепи. (  Де Вилморин )

-  На жените им е потребен само еден знак, наговестување, еден момент, невидлив детаљ, ситен повод, а потоа  самите: патат, се надеваат, фантазираат и плачат. ( Душан Радовиќ )

-  Ако имаш млада жена и старо вино, биди подготвен на полна куќа гости. ( Душан Радовиќ )

-  Бог не можел да биде на сите страни, па затоа ги создал мајките. ( Еврејска поговорка )

-  Борите на лицето кај мажот му влеваат доверба, даваат шарм и топлина на машкото лице, истите тие бори на убавото женско лице изгледаат како зли отпечатоци  и лузни, нешто накажано, небаре срамотно. ( Иво Андриќ )

- Две скорпии  подобро ќе се согласат во една дупка, отколку две жени во една куќа. ( Арапска поговорка )

-  Девојките мислат на брак, мажените на љубов. (Руска поговорка )

-  Ниеден поет до ден денес не ги опеал очите на својата жена. ( Андре Мороа )

- Кој има млада жена и стара куќа секогаш има многу работа. ( Холандска псловица )

-  Најдобрата жена е онаа жена, која со слушање знае да заповеда. ( Латинска поговорка )

-  Не е интересно тоа што жените ќе ви го кажат, туку тоа што ќе го премолчат . ( Рајнер Марија Рилке )

-   Има жени кои со годините се сè поневини. ( Грета Гарбо )

- Големото прашање на кое никогаш не си одговорив во моето триесетгодишно истражување и работење: Што всушност сака жената? ( Зигмунд Фројд )

- Идеален маж е оној кој не пие, не троши пари, не се коцка, не се интересира за други жени и кој воопшто не постои. ( Марлем Дитрих )

-   Мажот се жени да побегне од жените, а подоцна трча по нив да побегне од жена му. ( Ромен Ролан )

-  Нека ни помогне господ да гледаме на своите жени како на туѓи жени. ( Ви Дурант )

-  Постојат два вида на мажи кои не знаат ништо за жените: Оженети и неоженети мажи.  ( Саган )

-  Ако жената најде љубовник, за тоа постојат само две причини. Или е заситена од својот маж или не е. ( Ликок )

-  Некои мажи го имаат тоа што си го заслужиле, другите се неоженети.  ( Валери ) 

-  Архитектите своите грешки ги покриваат со мермер, докторите со земја, а жените со длабоко деколте. ( Минели )

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg