Луѓето можат да спијат и со отворени очи: 10 интересни факти за спиењето

Науката за сонот е модерна, всушност многу научни информации поврзани со сонот се стекнати во последните 25 години.

10-fakti-za-spienjeto-01.jpg

Ова е листа на 10 интересни факти за сонот:

1. Рекорд за најдолг период без спиење е 18 дена, 21 час и 40 минути. Но, ова предизвика многу несакани дејства како халуцинации, параноја, заматен вид, нејасен говор, проблеми со меморијата и концентрацијата.

2. Невозможно е да се каже дали некој е навистина буден без медицински надзор. Луѓето можат да спијат со отворени очи, без дури и да бидат свесни за тоа.

3. Идеално време за заспивање е помеѓу 10 и 15 минути, што значи дека сте доволно уморни да спиете длабоко, но не и премногу исцрпени.

4. За соништа се сметало да се случуваат само во текот на РЕМ фазата, но тие можат да се јават и во не-РЕМ фаза на спиењето.

5. РЕМ соништа се карактеризираат со бизарни приказни, а не-РЕМ сонови се карактеризираат со репетиција и слики кои потсетуваат на сеќавања.

6. Одредени видови на движења на очите за време на РЕМ фазата одговараат на специфични движења во соништата, што укажува дека барем дел од процесот на сонувањето е аналогно, односно како гледање на филм.

7. Слоновите спијат стоејќи за време на не-РЕМ фазата, а лежат за време на РЕМ фазата.

8. Некои научници веруваат дека сонуваме за работи за кои мислиме дека вредат да се запомнат. Други пак сметаат дека сонуваме за работи кои сакаме да ги заборавиме.

9. Соништа можеби немаат никакво значење, освен да бидат безначаен спореден производ на две еволуциски адаптации – спиење и свесност.

10. Луѓето спијат во просек околу три часа помалку од другите примати, како шимпанза и павијан, кои спијат 10 часа.

М. А | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg