Факти за животот на Салвадор Дали: Верувал дека е реинкарнација на својот брат

Шпанскиот надреалистичен сликар, Салвадор Дали, е роден на 11 мај во 1904-та година. Тој, освен што бил  сликар се занимаваше со филм, скулптура и фотографија.

Interesni-fakti-za-salvador-dali

Уметнички израз на Дали е во симболичната комплексност на неговите дела, а се смета за еден од најголемите уметници на 20-от век.

Како што тој самиот кажувал: "Јас не користам дрога, јас сум дрога".

Запознајте го Салвадор Дали преку овие интересни факти:

1. Неговиот брат, исто така се викал Салвадор, а почин девет месеци пред да се роди Дали. Охрабрен од своите родители, тој верувал дека е реинкарнација на својот брат, а оваа тема понекогаш ја вклучувал во неговата работа.

2. Мајка му починала во 1921 година од рак на дојка. Дали имал само шеснаесет години, а оваа трагедија му оставила белег.

3. Дали се преселил во Мадрид за да студира на Факултетот за ликовни уметности. Тој експериментирал со кубизмот, а исто така стекна репутација на ексцентрик.

4. Тој бил избркан од Факултетот за ликовни уметности поради неговото предизвикување немири. После ова го посетил Париз каде го запознал Пабло Пикасо.

5. Дали и неговата сопруга, Гала, се преселиле во Америка за да избегаат од Втората светска војна. Таму живееле осум години.

6. Се вратил во Париз после војната и  почнал да експериментира со други форми и различни техники. Користел оптички илузии и визуелни игри на зборови, а исто така бил заинтересиран за математиката и науката, особено за структурата на ДНК.

7. Дали го дизајнирал логото на познатите мастики Chupa Chups.

8. Неколку слики често се појавуваат во неговите дела. Тие вклучуваат топењето на часовниците, слонови, јајца, мравки, полжави и скакулци.

9. Салвадор Дали има насликано повеќе од 1.500 слики во неговиот живот. Тој, исто така, создал бројни цртежи, илустрации, скулптури, кратки филмови, книги и литографии.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава