Животни принципи на Чак Фини: Која е поентата на бизнис класата ако со неа нема да стигнам побрзо?

Чак Фини, основачот на Групацијата за бесцаринските продавници, воопшто не сака да се појавува во јавноста – многумина никогаш не чуле за него и не знаат по што е познат.

10-zivotni-principi-na-cak-fini-koja-e-pontata-na-biznis-klasata-ako-so-nea-nema-da-stignam-pobrzo-1.jpg

Г. Фини го донирал целото негово богатство од 7,5 милијарди долари во добротворни цели и не поседува ниту автомобил ниту куќа.

Носи часовник „Casio“ од 15 долари и стара облека. Лесно би можеле да помислите дека е турист дојден на одмор.

Уште од 1980-тите тој го подарил целото негово богатство во хуманитарни и образовни цели, посветувајќи го животот на една цел: да им помага на луѓето низ светот.

Ова се најпознатите цитати кои го одразуваат односот кон парите и кон животот на овој филантроп.

1. Сфатив дека поголемо е задоволството кога ќе дадете некому пари и ќе видите како тие пари се претвориле во болница, на пример.

2. Не дека не ги сакам парите, сакам само онолку пари колку што ми се потребни.

3. Не чекајте да умрете, па да станете донатор. Вашите пари нема да можат да им помогнат на луѓето додека не им ги дадете, па направете го тоа додека уште сте живи. Плус, убаво и забавно е да видите како вашите пари се олицетворуваат во конкретно нешто.

4. Луѓето кои имаат пари имаат и обврска. Немам право да им кажам што да прават со нив, па само ќе им порачам да ги користат мудро.

5. Не поседувам јахта бидејќи лесно добивам морска болест.

6. Која е поентата на бизнис класата ако со неа нема да стигнам побрзо до саканата дестинација?

10-zivotni-principi-na-cak-fini-koja-e-pontata-na-biznis-klasata-ako-so-nea-nema-da-stignam-pobrzo-2.jpg

7. Ако можам да купам часовник за 15 долари кој точно ќе го покажува времето, што ќе ми е „Rolex“?

8. Кога имате многу пари, треба да се справувате со големи проблеми. А дури и ако ризикот од неуспех е голем, сепак не треба да се откажувате.

9. Не постојат неуспеси. Еден решен проблем ќе им ги олесни животите на милиони луѓе.

10. Претпоставувам дека сум среќен кога тоа што го правам им помага на луѓето, а станувам несреќен кога тоа што го правам не им помага на луѓето.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава