12 кратки хорор приказни од кои ќе ве полазат морници

Понекогаш во животот потребна ви е малку поголема доза адреналин, а најлесниот начин да го постигнете тоа е да прочитате нешто морничаво.

16-kratki-horor-prikazni-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-01.jpg

Класичните хорор новели може да бидат многу ефикасни во поглед на ова, но понекогаш кратките приказни од само 2 реченици можат да бидат далеку поефикасни.

Ако се плашливи земете некој до себе и прочитајте што имаат да кажат бестрашните умови:

1. Го легнав во креветот и почнав да го завиткувам со ќебето за да спие удобно и мирно, кога ми рече: „Тато, те молам провери под креветот дали има чудовишта“. Се наведнав, за да биде сигурен, и го видов него, друг тој, под креветот, како зјапа во мене и трепери од страв, шепнувајќи: „Тато, има некој во мојот кревет“.

2. Се разбудив кога слушнав тропање на стакло. Прво мислев дека е прозорецот, додека не слушнав дека доаѓа од огледалото.

3. Слушаш како мајка ти те вика во кујната. Како што одиш надолу по скалите, слушаш шепот од плакарот „Не оди таму, миличок, и јас го слушнав тоа“.

4. Најдов слика во мојот телефон од мене како спијам. А, живеам сам.

5. Ме праша зошто дишам толку тешко. А не бев јас.

6. Стигнуваш дома, уморен после долг ден на работа и подготвен за осамена релаксирачка вечер. Посегнуваш по прекинувачот за светло, но нечија рака е веќе таму.

7. Започнуваш да потонуваш во длабок сон кога слушаш како некој го шепоти твоето име. Живееш сам.

8. Лежиш на креветот а нозете ти се откриени. Чувствуваш рака како ти ги фаќа стапалата.

9. Последниот човек на Земјата седеше сам во собата. Тогаш некој тропна на вратата.

10. Никогаш не спијам. Но, постојано се будам.

11. Отсекогаш мислев дека мојата мачка има проблем – постојано зјапаше во моето лице. Сè до денот кога сфатив дека всушност зјапа во нешто зад мене.

12. Последното нешто што го видов беше мојот будилник кој покажуваше 12:07, точно пред таа да ги зарие нејзините долги скапани нокти во моите гради, со другата рака придушувајќи ги моите врисоци. Седнав исправен, благодарен што е само сон. Во истиот момент, погледнав во будилникот кој покажуваше 12:06 и слушнав како се отвара вратата од плакарот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg