Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Незгодни луѓе овие жениве“ - Бесмртни цитати на Михаил Булгаков

Се навршија 125 години од раѓањето на интригантниот Булгаков, руски писател и драматург, чие најпознато дело „Мајсторот и Маргарита“ (о)станува безобразно успешно, трн во окото на оние кои долги години ја забранувале работата на овој автор.

nezgodni-lugje-ovie-zenive-besmrtni-citati-na-mihail-bulgakov-001.jpg

Оковите на цензурата, сепак, не го спречиле Михаил да пишува и да твори, ниту ја секнале неговата згаденост од општеството во кое живеел и режимот кој го задушувал, а тој му одвраќал со храбро исмевање.

Историјата вели дека имал судир лично со Сталин, а желбата да ја заврши приказната на Мајсторот и Маргарита се граничела со опсесија. Не го спречила ниту болеста да ја диктира нарацијата на романот, дури и од постелата во која боледувал.

Неговите дела се комплексни, повеќеслојни, крајно луцидни, исткаени со сатира, мајсторски раскажани. Булкагов е еден од оние автори кои ја маѓепсуваат публиката и секогаш ќе бидете гладни за уште, без разлика дали ја читате „Песјо срце“, „Записи на младиот лекар“, „Ѓаволијада“ или „Кобни јајца“.

Едноставно е, ако му дадете шанса на Булгаков, огромна е веројатноста дека ќе бидете лесно заведени и засекогаш вплеткани во неговиот фантастично-сатиричен книжевен опус.

Ѕирнете во неговиот ум, преку овие 10 бесмртни цитати:

1. Удри го човека по носот, турни старец надолу по скалите, пукај во некого или некоја друга слична старомодна работа, тоа е мојата задача. Но, расправија со жената која ја љубиш – не, благодарам.

2. Ничија судбина не е во твој интерес, освен твојата сопствена.

3. Незгодни луѓе, овие жениве.

4. Кој ви кажа дека на светот не постои вистинска, искрена и вечна љубов? Нека му се исече јазикот на подлиот лажго.

5. Ракописите не горат.

6. Кукавичлукот е најголемиот грев.

7. Кучешкиот дух умира тешко.

8. Не постои поголема несреќа на светот од губењето на умот.

9. Да се зборува вистината е лесно и пријатно.

10. Тој почна да сфаќа дека не може да исправи ништо во својот живот, туку само да заборави.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шпекулации за љубовна врска со Шакира, родителите му се славни бодибилдери: Што знаеме за Алфи од Em... Беше доволно само кратко појавување во една епизода на Emily in Paris, за Лусиен...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола... Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg