10 тајни од Доменико Долче и Стефано Габана како да изградите сопствен стил

Доменико Долче и Стефано Габана се повеќе од 30 години во светот на модата, создавајќи ги нивните прекрасни колекции облека и модни додатоци.

10-tajni-od-domeniko-dolce-i-stefano-gabbana-kako-da-izgradite-sopstven-stil-01.jpg

Секоја нивна колекција станува предмет на обожување на сите жени низ целиот свет.

Тоа што претставува нивна инспирација за создавање на неповторлива облека се сензуалноста и сексапилот на жените.

Секоја жена зрачи со уникатност и неповторливост, а за тоа да го истакне потребно е да изгради свој сопствен стил.

Токму за тоа како да го пронајдете и изградите сопствениот стил зборуваат Долче и Габана, откривајќи ги нивните 10 најважни тајни кога е стилот во прашање.

1. „Нашето прво правило е дека не постојат правила.“

„Слободата е најважното нешто. Секоја личност треба да ги носи само тие парчиња облека кои ја прават среќна. Единственото нешто за кое ние сонуваме е да направиме секоја жена да ја пронајде својата убавина.“


2.
„Една ситница може да создаде цела слика. Кој воопшто се сеќава на чантата на Софија Лорен? Но, сите се сеќаваат на нејзините фустани со V отвор!“

„Треба да постои детаљ кој ќе ја открива вашата личност преку облеката. Тоа може да биде некаква ситница која го карактеризира вашиот личен стил, и луѓето ќе ја поврзуваат таа ситница единствено со вас.“


3.
„Облеката влијае на сите аспекти од нашиот живот, од нашата смисла за хумор до перцепцијата за себеси.“

Доменико е сигурен дека сите жени сакаат да бидат принцези од бајките. Сакаат да носат раскошни црвени фустани и круни на главите.

„Секогаш сакаме луѓето да изгледаат посакувано, бидејќи кога луѓето го ценат вашиот изглед, чувствувате повисоко ниво на самодоверба. Нека ова чувство биде секогаш ваш придружник.“


4.
„Убавата долна облека е клучот за сексуалноста. Носењето добра долна облека значи почитување на сопственото тело. “

„Првото нешто кое го правиме е да ги облечеме нашите модели во долна облека од сатен и свила. Невозможно е да сретнете жена од јужна Италија која не носи градник. Никогаш.“


5.
„Секоја жена треба да има мал црн фустан и некои впечатливи додатоци кои ќе направат таа да изгледа посебно и фасцинантно.“

„Треба да имате пар шпиц штикли, екстравагантен накит и чанта Мис Сицилија за секоја пригода.“

10-tajni-od-domeniko-dolce-i-stefano-gabbana-kako-da-izgradite-sopstven-stil-02.jpg

6. „Не бркајте трендови – барајте работи кои ви одговараат.“

„Да го пронајдете сопствениот стил е многу поважно од тоа да бидете сметани за модерна личност. Модата е нешто вештачко. Кога навистина ги цените работите кои ги носите, вие вдахнувате нов живот во нив.“


7.
„Корсетот е најсензуалното и најграциозното парче облека кое во најдобро светло го покажува вашето тело.“

„Корсетот намалува барем еден број. Го поддржува вашето тело на начин кој прави да изгледа совршено“ вели Долче. Не е ни чудо што фустаните познати како „сицилијанска вдовица“ се едни од најпрепознатливите дела на овие уметници. Овие фустани прават струкот да изгледа потенко, градите поткренати, а колковите заоблени.


8.
„Зависта никогаш нема да ве направи подобри личности. Треба да бидете способни да ги цените другите и да пуштите работите да се одвиваат по својот тек.“

„Понекогаш ги гледаме нашите стари фотографии и воопшто не ни се допаѓа тоа што го гледаме на нив. Не грижете се за тоа – тоа единствено значи дека го подобрувате својот стил.“


9.
„Правилото број еден е да бидете сигурни во себе и да бидете природни.“

„Можете да бидете секси дури и ако носите обична бела маичка. Она што е важно е начинот на кој се однесувате, гестикулациите и насмевката, а не облеката. Движете се како да сте Наоми, Клаудија, Жизел или некој друг супермодел. Вашето тело и ум се тесно поврзани, но она што е најважно е тоа што го имате во главата.“

10-najvazni-tajni-od-Domeniko-Dolce-i-Stefano-Gabbana-kako-da-izgradite-sopstven-stil-03

10. „За да бидете убава не мора да бидете совршена.“

Само една карактеристика ќе ве направи неверојатно секси. Јас, на пример, ги обожавам жените со голем нос. Носот го открива нивниот карактер. Иако многу жени сонуваат за преобликување на таквиот нос, јас лично им се воодушевувам.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На прв состанок паровите одат во кревет, забрането им е да носат мустаќи – Интересни факти за секојд... Ако некој озборува, може да биде исклучен од заедницата... Забрането е да се фот...
Тинејџерките лудуваа по него, денес не личи на поранешниот заводник - Се сеќавате ли на Факундо Аран... Кон крајот на 1990-те скорои и да немаше тинејџерка што не беше заљубена во Иво ...
10 интересни факти за Охрид: Тајната за изработката на охридскиот бисер дошла од Русија, ја знаат са... Уникатната флора и фауна го прават Охридското Езеро еден од најголемите био...
Загина во авионска несреќа, нејзината смрт е мистерија: Факти за Амелија Ерхарт, првата жена која го... Амелија Ерхарт била американски авијатичар и борец за правата на жените. Светот ...
Го дели сопругот со две жени, има богатство од 15 милијарди долари: Факти за шеика Моза, мајката на ... Нејзиното богатство се проценува на 15 милијарди долари, се верува дека има пове...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg