10 цитати на Анџелина Џоли по кои треба да живеете

Таа е една од холивудските ѕвезди која не се плаши да ги покаже пред светот своите соништа, желби, стравови, страдања...

10-citati-na-andzelina-dzoli-po_koi_treba_da_ziveete-1.jpg

Според многумина таа е и најубавата жена во светот, но она што е поважно е дека таа е голем хуманитарец и член на УНХЦР.

Соочувајќи се со многу среќни, но и тажни моменти во животот ова се зборовите преку кои таа ја споделува својата мудрост со луѓето низ светот:

1. „Ако ги прашате луѓето што отсекогаш сакале да направат во животот, повеќето од нив помислуваат на нешто што никогаш не го направиле. Тоа ми го крши срцето.“

2. „Да се биде од некаква помош, тоа е желбата на сите. Тоа е сè што отсекогаш сакав да бидам. Сакав да бидам уметник, мајка. Сакате да имате чувство дека сте биле од некаква корист во животот, без оглед во која форма е изразено истото.“

3. „Толку е убаво и секси кога еден маж сериозно ги сфаќа неговите обврски како татко. Сè уште станувам емотивна кога го гледам Бред како си игра со децата – тој е толку природен и среќен секогаш кога е околу нив.“

4. „Без болка не би имало патење, без патењето не би научиле од своите грешки. Болката и патењето ги отвораат сите прозорци, а без нив нема живот.“

5. „Правете тешки избори и правете грешки. Сите тие работи стануваат дел од личноста која станувате.“

6. „Па што ако направам будала од себе? Не се плашам од туѓата перцепција за мене.“

7. „Секогаш кога ќе се почувствувам изгубено, ставам карта пред себе и зјапам во неа. Зјапам додека не се потсетам себеси дека животот е една огромна авантура, има толку многу работи да се видат, да се направат.“

8. „Животот доаѓа со многу предизвици. Тие што не треба да нè исплашат се тие кои треба да ги прифатиме и да преземеме контрола над нив.“

9. „Тешко е да се биде начисто кој си кога носиш огромен багаж од минатото. Научив да ги оставам работите зад себе и брзо да продолжам кон следното место кое ме очекува.“

10. „Одвај чекам да остарам. Сакам да бидам изморена стара жена, но со исполнет живот кој не престанува да тече.“

10-citati-na-andzelina-dzoli-po_koi_treba_da_ziveete-2.gif

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg