„Бакни ме и ќе видиш колку сум важна“ - 15 цитати на Силвија Плат

Американската поетеса и писателка Силвија Плат оставила неизбришлива трага во книжевноста. За неа ќе напишат дека е „жена извонредно обучена во сопствениот занает, чии песни бескомпромисно го мапираат женскиот гнев, амбивалентноста и тагата“.

bakni-me-i-ke-vidis-kolku-sum-vazna-15-citati-na-silvija-plat-001.jpg

Претставник на т.н. „исповедничка поезија“, поборник на феминизмот, сопственик на широк спектар емоции и ментални нарушувања, Плат го направила невозможното – својата прва книга ја издала на 8-годишна возраст, не прекинувајќи да ниже успеси.

Сепак, депресијата си го зела данокот, оставајќи ја Силвија во мрежата на психички растројства, предизвикани од прераната смрт на нејзиниот татко и спонтаниот абортус кој го доживеала. Капаче на сè била љубовната приказна со познатиот англискиот поет Тед Хјуз, која завршува со несреќен епилог.

Трагедијата очигледно ја следи Силвија како неуморна сенка, бидејќи таа се самоубива.

Нејзиниот живот згаснува на само 30-годишна возраст, а таа зад себе остава песни и поеми кои успеваат да допрат и до најтврдокорните срца, како и делумно автобиографскиот роман „Стакленото ѕвоно“.

Плат - жена, мајка, сопруга, поетеса, а низ овие 15 цитати можеме од прилика да претпоставиме што се случувало во нејзиниот комплексен ум:

1. Зедов длабок здив и го слушнав старото фалење на моето срце. Јас сум. Јас сум. Јас сум.

2. Бакни ме и ќе видиш колку сум важна.

3. Зарем не постои излез од умот?

4. Доколку не очекуваш ништо од никого, никогаш нема да си разочаран.

5. Ги затворам очите и целиот свет умира, ги отворам и сè повторно се раѓа.

6. Зборувам со Господ, но небото е празно.

7. Мора да постојат неколку работи кои не може да ги излечи топлата бања, но не знам кои се тие.

8. Тишината ме депримира. Не беше молчењето на тишината. Беше мојата сопствена тишина.

15-citati-na-Silvija-Plat-02.jpg

9. Ги посакувам нештата кои ќе ме уништат на крајот.

10. Она што најмногу ме ужаснува е идејата да се биде бескорисен: добро образуван, брилијантно полн со ветувања и избледувајќи во средногодишна доба.

11. Се издигнувам од пепелта со црвена коса и ги јадам мажите како воздух.

12. Дозволете ми да живеам, да љубам и да го искажувам тоа низ добри реченици.

13. Прилично добро знам што сакам и што не сакам, но ве молам, не прашувајте ме која сум јас.

14. Морам да си ја вратам мојата душа од тебе, си го уништувам месото беа неа.

15. Што правеа моите прсти пред да го држат него?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава