20 мисли од најголемиот кинески војсководец Сун-цу

Сун-цу важи за еден од највлијателните воени стратези на сите времиња.

20-misli-od-najgolemiot-kineski-vojskovodec-sun-cu-001.jpg

Тој е значаен не само поради неговиот успех на военото поле, туку и поради неговите непроценливи лекции кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот.

Сун-цу е познат и како автор на „Умешноста на војувањето“, древна кинеска книга која станала едно од најзначајните дела во западната и источната култура за воена стратегија.

Неговото учење го користеле многу познати личности, од Мао Це Тунг до Колин Пауел.

Според бројни историчари, учењето на Сун-цу е од клучна важност за издигнувањето на Кина како суперсила на 21 век.

Неговите мисли содржат голема мудрост и можат да се применат во која било уметност, дисциплина или задача.

Имајќи го тоа на ум, прочитајте ги следниве негови животни лекции и мудрости:

1. „Генералот кој напредува без желба за слава и кој се повлекува без страв од срам, кој само размислува како да ја заштити неговата земја и добро да му служи на владетелот, тој е вистинско богатство за кралството.“

2. „Така оди тоа во војната: Победничкиот војсководец ја бара битката откако ја добил победата, а оној кој е осуден на пораз, најпрво оди во битка, а потоа трага по победа.“

3. „Нашата непобедливост зависи од нас, ранливоста на непријателот зависи од него.“

4. „Доколку се наоѓате далеку од вашиот непријател, наведете го да помисли дека сте блиску.“

5. „Глумете инфериорност и поттикнете ја неговата ароганција.“

6. „Забранете го претскажувањето и тргнете се од празноверните сомнежи. Додека не дојде самата смрт, не постои несреќа од која треба да се плашите.“

7. „Брзината е суштината на војната.“

8. „Доколку вашиот противник има колеричен темперамент, нервирајте го.“

9. „Доколку го познавате непријателот и се познавате себе, не треба да се плашите од резултатот на стотици битки.

Доколку се познавате себе, но не и непријателот, за секоја победа која ќе ја остварите, ќе претрпите и пораз исто така.

Доколку не го познавате непријателот ниту самите себе, ќе потфрлите во секоја битка.“

10. „Војната се темели на измама. Доколку сме во можност да нападнеме, мора да изгледаме неспособно. Кога ја користиме нашата сила, мора да изгледаме неактивно.

Кога сме блиску, мора да го увериме непријателот дека сме далеку. Кога сме далеку, мора да го увериме дека сме блиску.“

11. „Доколку вашиот непријател е сигурен во сите точки, бидете подготвени. Доколку е посилен, одбегнете го. Доколку вашиот противник е темпераментен, нервирајте го. Преправајте се дека сте слаби за тој да стане арогантен.

Доколку се смирил, не давајте му мир. Ако неговите сили се соединети, разделете ги. Нападнете го таму каде што не е подготвен, појавете се таму каде што не ве очекува.“

12. „Нападот е тајна одбрана, одбраната е планирање на нападот.“

13. „Вештиот тактичар може да се спореди со Шуаи-јан. Шуаи-јан е змија која живее на планините Чанг. Нишанете во главата, таа ќе ве нападне со опашката. Нишанете во опашката и таа ќе ве нападне со главата. Нишанете во средина и таа ќе ве нападне и со главата и со опашката.“

14. „Врвната вештина се состои во уништувањето на непријателскиот отпор без борба.“

15. „Доколку војсководецот се однесува со неговите војници како со деца, тие ќе го следат и во најмрачните долини. Доколку се однесува со нив како со свои синови, тие ќе бидат до него до смртта.

Доколку е великодушен со нив, а тие сепак не го слушаат, ако ги сака, а тие сепак не ги исполнуваат неговите наредби, ако е толку недисциплиниран со нив што не може да ги доведе во ред, тие ќе бидат како разгалени деца од кои нема никаква корист.“

16. „Оние кои вешто можат да го натераат непријателот да направи потег со кој би создал ситуација која им одговара, мораат да го залажат со нешто што сигурно ќе го привлече и тогаш со наводната мамка да чекаат внимателно.“

17. „Предзнаењето не може да стекне од духови и привиденија, не може да се добие по аналогија, не може да се дознае со пресметка. Може да се добие од луѓе, луѓе кои ја знаат состојбата на непријателот.“

18. „Најтешките несреќи кои можат да ја снајдат војската произлегуваат од двоумењето.“

19. „Она што е тешко, планирајте го додека е лесно. Она што е големо, направете го додека е мало.“

20. „На почеток претставете се како невина девојка, сè додека непријателот не ви се отвори. Потоа бидете брзи како зајак на трка и тогаш ќе биде предоцна да ви се спротивстави непријателот.“

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg