За да го дочекаш денот, мора да поминеш низ ноќта – 11 цитати на Калил Џибран

Авторот на „Пророкот“ и „Скршени крилја“ се вбројува во еден од најлиричните поети на сите времиња.

Za-da-go-docekas-denot-mora-da-pomines-niz-nokjta-11-citati-na-Kalil-Dzibran-01.jpg

Калил Џибран, американско-либански уметник во своите дела спојува парадоксални, сосема спротивни нешта – љубовта и смртта, силното и нежното, пеколот и рајот, насладувањето и болката.

Џибран ги вплеткува во неверојатна хармонија. Искажувањето му е нежно и глатко и невозможно е да не се вљубите во неговиот начин на изразување.

На прв поглед Џибран пишува за љубовта, но тој силно зборува и за животот и сите негови видливи и невидливи делови – општеството, власта, трудот и вредностите.

За неговите книги се вели дека носат просветлување.

И еве го доказот зошто тоа навистина е така:

 1. Ако сакате некого, пуштете го да си оди. Ако се врати, секогаш ви припаѓал вам. А ако не се врати, никогаш и не бил ваш.

 2. Ги одбираме нашите радости и таги многу порано пред да ги доживееме.

 3. Тешко на народ што не подига глас освен на погреб, кој покажува почит само на гробот, кој чека да се побуни дури тогаш кога мечот му е под грлото.

 4. Стојте заедно, но сепак не премногу заедно, и столбовите на храмот стојат одвоено, а дабот и кипаристот не растат во сенката на другиот.

 5. Само кога си се напил од реката на тишината, вистински ќе запееш.

 6. Вие сте лакови од кои вашите деца како живи стрели се отпуштаат во иднината.

 7. Каде можам да пронајдам човек кој управува со разумот, наместо со навиките и нагоните.

 8. Претпочитам да сум сонувач меѓу најскромните со визија на остварување, отколку да бидам господ меѓу оние кои немаат ниту соништа ниту желби.

 9. Еден ден ќе ме прашаш што е поважно? Мојот живот или твојот? Јас ќе кажам мојот, а ти ќе се оддалечиш без да знаеш дека ти си мојот живот.

10. Дарежливост е кога даваш повеќе отколку што можеш, гордост е кога земаш помалку отколку што ти треба.

11. За да го дочекаш денот, мора да поминеш низ ноќта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg