8 правила за успехот според Стив Џобс

Успехот на Стив Џобс е нешто кое зборува само за себе и ги негира сите теории дека е тешко да се почне речиси од нула и да се стане неверојатно успешен.

8-pravila-za-uspehot-spored-Steve-Jobs-01.jpg

Луѓето кои навистина успеале во животот, имаат неколку заеднички работи, меѓу кои на врвот на листата се наоѓаат упорноста, верувањето во себе и во своите квалитети и желбата за успех.

Стив Џобс е само еден од примерите кој покажал дека за да успеете, потребна е само добра идеја која понатаму со многу труд и работа ќе се претвори во препознатлив финален производ.

Ова се 8 правила за успех според кои Стив Џобс се водел во животот:

1. Понекогаш животот ве удира со цигла во главата, но сепак не смеете да ја изгубите вербата.

2. Имајте храброст да го следите своето срце и својата интуиција. Тие некако знаат што навистина сакате да станете.

3. Иновацијата е нешто по кое се разликуваат лидерите и следбениците.

4. Ентузијазмот е нешто кое излегува на површина кога ги правиме работите кои ги сакаме.

5. За нештата кои не сме ги направиле, сум подеднакво среќен колку што сум среќен и за нештата кои сме ги направиле. Иновацијата понекогаш значи да им кажеш НЕ на работите.

6. Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го сменат светот, се тие кои навистина ќе го направат тоа.

7. Убеден сум дека упорноста е барем половина од она кое ги дели успешните претприемачи од неуспешните.

8. Нештата не мора да го менуваат светот за да ни бидат важни.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg