12 цитати на За За Габор: Колку мажи сум имала? Мислите освен моите?

Холивудската актерка со унгарско потекло е позната по тоа што се омажила дури девет пати, но и по нејзиниот шарм и духовитост.

12-citati-na-Za-Za-Gabor-Kolku-mazi-sum-imala-Mislite-osven-sopstvenite-01

Имала 19 години кога станала Мис Унгарија, по што започнала со актерската кариера прво во Виена, а потоа и во Холивуд, во 1941 година.

Била препознатлива по својот специфичен акцент и несекојдневна грациозност и шарм, како што во тоа време им се припишувале само на Европејките.

Подоцна станала позната и по нејзиниот скап вкус кога биле во прашање мажите. И воопшто не го криела тоа.

Отворено зборувала за сопствениот живот, знаела да се пошегува на своја сметка, а мажите едноставно ја обожавале.

Ова се цитатите по кои таа ќе остане запаметена:

1. Никогаш не сум мразела ниту еден маж доволно за да му ги вратам неговите дијаманти.

2. Тоа што сте љубоморни на убава жена, нема да ве направи поубави.

3. Одлично ја одржувам куќата – секогаш кога ќе оставам некој маж, ја задржувам куќата.

4. Секоја жена која е постојано на диета, мора да биде напорна. Никој не може да биде забавен и весел додека гладува.

5. Маж ми рече: јас или мачката! Понекогаш тој ми недостасува.

6. Да се биде сакан дава сила. Да се сака некого е слабост.

7. За да останете нормални во овој денешен свет, од голема корист ќе биде ако сте малку луди.

8. За големо его, не постои диета.

9. Колку мажи сум имала? Мислите освен моите?

10. Нема подобри пари за трошење од сопствените.

11. На прашањето за тајните за долг брак, одговорам со омилената шега: Мажот одвреме-навреме треба да излегува со неговото машко друштво, а исто така и жената.

12. Сакам интелектуалци. Тие знаат сè, а не се сомневаат во ништо.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg