Наутро сте 8 милиметри повисоки од навечер: Кратки факти за човечкото тело

Речиси сме сигурни дека знаеме апсолутно сè за нашето тело, бидејќи е наше и никој друг не нè познава подобро од ние самите.

nautro-ste-8-milimetri-povisoki-od-navecer-kratki-i-fascinantni-fakti-za-coveckoto-telo-1.jpg

Сите подеднакво грешиме.

Кога се работи за основните функции и факти за човечкото тело, не знаеме многу.

Ова се кратки факти кои ќе ве натераат да се воодушевите сами од себе:

1. Меморијата на човечкиот мозок е еднаква со хард диск од околу 4 терабајти.

2. Бебињата можат да дишат и голтаат истовремено до 7 месеци.

3. Нервните импулси кои се испраќаат од мозокот се движат со брзина од 274 километри на час.

4. Просечното човечко тело содржи доволно сулфур за да ги убие сите болви на просечно кутре, доволно јаглен за да направи 900 моливи, доволно калиум за да запали топ-играчка, доволно масти за да направи 7 парчиња сапун и доволно вода за да наполни буре од 50 литри.

5. 50,000 клетки во вашето тело умреа и беа заменети со нови додека ја читате оваа реченица.

6. Човечкиот ембрион има уникатни отпечатоци на прстите само 3 месеци по зачнувањето.

7. Просечната личност заборава 90% од своите соништа.

8. На крајот од животот, секој човек во просек може да се сети на 150 трилиони парчиња информации.

9. Цели 80% од топлината губиме низ главата.

10. Кога поцрвенувате на образите, и стомакот ви се зацрвенува.

11. Луѓето се единствените суштества кои спијат на грб.

12. Просечното 4-годишно дете поставува околу 450 прашања на ден.

13. Само 1% од бактериите во телото на човекот може да предизвикаат болест.

14. Забите се единствениот дел од човечкото тело кој не заздравува сам од себе.

15. Во просек, на човекот му требаат 7 минути да заспие.

16. Само 7% од луѓето ја користат левата рака како доминантна.

17. Ако луѓето не ги кратат влакната, во текот на животот тие ќе пораснат цели 725 километри вкупно.

18. Во текот на животот, просечен човек по грешка голта околу 8 мали пајаци.

19. Усните на човекот се стотици пати почувствителни од врвовите на прстите.

20. Еден човек пренесува 278 различни бактерии на друг кога се бакнува. За среќа, 95% од нив се безопасни.

21. Можете да изгубите 150 калории за 1 час ако ја удирате главата од ѕид. (не мора да пробувате)

22. Човечката кожа целосно се регенерира околу 1.000 пати во животот.

23. Ноктите на рацете растат 4 пати побрзо од ноктите на нозете.

24. Луѓето со сини очи се почувствителни на болка од сите останати.

25. Ако на еден идентичен близнак му недостасува одреден заб, тогаш и другиот близнак нема да го има истиот заб.

26. Најсилниот мускул во човечкото тело е јазикот.

27. Големината на срцето на човекот е приближна со неговата тупаница.

28. Десниот бел дроб може да собере повеќе воздух отколку левиот.

29. Окото разликува околу 10 милиони различни бои.

30. Наутро човекот е 8 милиметри повисок отколку приквечер.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава