„Заминувам пред да бидам оставена“: Цитати од иконата на сексапилот, Брижит Бардо

Брижит Бардо, била вистински секс симбол во 50-ите и 60-ите години. Откако се повлекла од глумата, таа станала активист за правата на животните.

zaminuvam-pred-da-bidam-ostavena-citati-od-ikonata-na-seksapilot-brizit-bardo-01.jpg

Остана вистински културен феномен, а нејзината слава никогаш не престана да ја прогонува иако како што таа самата кажувала, ја презирала и дека никогаш не била добра актерка.

Еве неколку мудрости од познатата сензуална актерка:

1. Мажите се ѕверови и дури ѕверовите не се однесуваат како нив.

2. Не можам да го правам истото нешто секоја вечер, истите гестови. Тоа е како да ги облекувам истите валкани гаќи секој ден.

3. Славата ми донесе толку многу несреќа.

4. Јас бев многу добро девојче израснато во добро семејство. Еден ден го свртев грбот на сè и почнав да живеам боемски.

5. Жените стануваат многу понесреќни колку повеќе пробуваат да бидат целосно слободни.

6. Ја дадов убавината и младоста на мажите. Ќе ја дадам староста и мудроста на животните.

7. Во демократско општество секој мора да има право да се изјасни и тоа е токму тоа што јас го правам. Дури и ако предизвикува незадоволство.

8. Оставив еден свет во кој бев кралица за да живеам во свет во кој сум само обичен човек.

9. Жената што ги направила и што глумела во тие филмови не сум јас, тоа е некоја друга.

10. Мојата слободна и дива страна ги вознемируваше некои, но пробиваше низ други.

11. Нема ништо поубаво од драга стара жена која станува се помудра со годините.

12. Секогаш кажувам што мислам и го мислам тоа што го кажувам.

13. Ја укинавме смртната казна за луѓето, па зошто таа треба да продолжи за животните?

14. Тие може да ме нарекуваат грешник, но јас сум во мир со самата себе.

15. Животните никогаш не ме издале. Тие се лесна жртва, како што бев јас во текот на мојата кариера. Затоа и се чувствуваме исто. Ги сакам.

16. Заминувам пред да бидам оставена. Јас одлучувам.

17. Разбрав дека најважните работи во животот се добродушност и љубезност. Не можам да живеам без тоа.

18. Дали мора да имате причина за да сакате?

19. Никогаш не размислувам додека водам љубов.

20. Сум била многу среќна, многу богата, многу убава, многу позната, многу ми ласкале и многу несреќна.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg