10 знаци дека сте опколени со токсични луѓе

Епитетот „токсични“ колку и да звучи несоодветно во една ваква примена веројатно е и повеќе од јасен во однос на неговото значење.

10-znaci-deka-ste-opkoleni-so-toksicni-lugje-001.jpg

Влијанието на овие луѓе навистина е токсично за вашиот живот и вашето ментално здравје.

Тие лесно ќе ве убедат дека вие немате никаква вредност и дека не би можеле да функционирате без некој како нив.

Сепак вистината е сосема спротивна.

Доколку сакате да го промените вашиот живот почнете така што ќе ги исфрлите овие луѓе.

А, еве како да ги препознаете:

1. Не знаат да слушаат

Тие никогаш нема да застанат и да го сослушаат вашиот проблем или мислење. Кога и да почнете да зборувате со нив на оваа тема тие брзо го вртат разговорот во друга насока и на крај завршувате вие слушајќи ги нивните проблеми.

2. Секогаш се жртви во секоја ситуација

Што и да се случи, секогаш тие се жртвите во секоја ситуација. Од ваквите личности нема никогаш да слушнете извинување или признавање на вина. Едноставно тие се безгрешни и секогаш некој ги повредува нив.

3. Постојано ги осудуваат другите

Ваквите луѓе се сметаат за доволно компетентни да дадат оцена дури и за луѓето кои ги виделе само еднаш и, во суштина, воопшто не ги познаваат. Секако да не зборуваме дека таа оцена со сигурност ќе биде негативна.

4. Имаат потреба од внимание

Имаат потреба постојано да бидат во центарот на вниманието дури и ако тоа значи дека треба да ги прекинуваат другите, да бидат неучтиви или да зборуваат гласно.

5. Немаат почитување за другите

Ако договорите состанок со нив големи се шансите да доцнат и за сето тоа да биде виновен сообраќајот, бавниот работник на паркингот... никогаш тие.

6. Не знаат за сочувство

Баш им е гајле за старата бабичка која одвај ја поминува улицата, нивниот најголем проблем е што тоа ќе им одземе неколку минути од нивното драгоцено време зад воланот.

7. Самите го хранат сопственото его

Постојано се фалат и кажуваат колку се добри и вешто во секоја можна дисциплина.

8. Вршат психичка или емоционална злоупотреба

За ова не треба воопшто да се објаснува. Ако на кој било начин чувствувате дека сте злоупотребени веднаш отстранете ги тие луѓе.

9. Никогаш не признаваат дека згрешиле

Дури и кога се свесни дека не се во право и згрешиле нешто, тие никогаш нема да го признаат тоа. Секогаш ќе најдат некаква причина или ќе обвинат некого за што и да се случило.

10. Не преземаат одговорност за себе

Доколку планирате да им доделите некаква обврска веднаш заборавете на тоа. Тие ќе смислат безброј изговори и на крајот сами ќе мора да ги завршите сите работи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg