Среќата е како сонце, кога е најубава, заоѓа - Цитати на Иван Цанкар

Авторот на можеби најпознатата „Слугата Јернеј и неговото право“ е еден од најплодните словенечки писатели. Иван Цанкар бил воедно и поет, раскажувач, драматург и издавач.

Citati-na-Ivan-Cankar-01_copy.jpg

Се смета за еден од оние автори кои ги всадиле корените на модернизмот во словенечката книжевност. Во неговата матична Словенија го споредувале со Франц Кафка и Џејмс Џојс.

Цанкар во своите дела љубел да го разоткрие лицето на неправдата и хипокритието на малограѓанската средина. Пред сé останато, тој цврсто верувал и се борел за правата на обичниот човек.

Неговите цитати се вистинско мајсторство на куси, јасни и умни мисли. Прочитајте што имал да каже Цанкар за луѓето, лагите и среќата:

 1. Човекот мора да биде сам за да запознае други луѓе.

 2. И на пријателите треба да им се каже вистината в лице.

 3. Човекот сонува толку сјајна светлина, онолку колку што е мрачна ноќта околу него и неговото срце.

 4. Искусната жена може да го види она што за мажите е секогаш мистерија.

 5. Лагата не убива како тојагата, но се провлекува низ крвните жили како отров, полека и внимателно, па не се забележува кога делува.

 6. Убава му е ноќта на човекот кога знае дека денот ќе осамне.

 7. Нема поубава надеж од онаа која никнува од тага и нема поубави соништа од оние кои ги раѓа болката.

 8. Човекот го става својот потпис на секој предмет кој ќе го допре.

 9. Среќата е како сонце. Кога е најубава, заоѓа.

10. Што дрдорите! Народот ќе си пресуди сам на себе, пресудата нема да му ја напише ниту фрак ниту мантија.

11. Повеќе горчина и страдање се кријат во еден единствен работен час, отколку во целиот живот на едно животинче.

12. Знаете ли зошто песот му е верен на својот господар? – Бидејќи навикнал на неговиот ќотек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg