Како да се однесувате во 20-ите за да не се каете во 30-ите?

Да живеете во моментот и да гледате назад кон минатото без трошка каење можеби ви изгледа како невозможна мисија. Работа, обврски и неочекувани пресврти ве спречуваат да го живеете животот како што сакате. Но, вие сте тие што сте одговорни за тоа каде ќе завршите во животот.

kako-da-se-odnesuvate-vo-20ite-za-da-ne-se-kaete-vo-30ite-001.jpg

Затоа време е да преземете контрола и да ги промените овие работи за да не се каете за апсолутно ништо подоцна.

Направете си листа и почнете една по една да ги исполнувате вашите желби, а ние ви ги предлагаме овие 15 работи:

1. Не губете време на врски во кои не гледате иднина. Животот е многу краток, фокусирајте се на луѓе и работи што навистина ве прават среќни.

2. Не се преоптеретувајте со минимални пречки на работа. Пренасочете ја вашата енергија да ги гледате добрите работи и придобивки кои ги добивате од вашата работа. Добро е за вашиот ум и за вашата душа и ќе ги направи вашите денови на работа подносливи.

3. Не посакувајте да бидете во туѓи чевли, независно колку и привлечно да изгледаат. Сите имаме идоли, но си должиме самите на себе да му покажеме на светот колку сме уникатни и колку квалитети имаме да понудиме.

4. Стремете се да ги остварите вашите вистински страсти, независно колку и да изгледаат невозможно во моментот. Сè што треба да направите е да почнете и да видите каде ќе ве однесе животот.

5. Елиминирајте ги сите токсични врски во вашиот живот. Тие се виновни за сите негативни работи во вашиот живот.

6. Променете ја бојата или должината на косата кога се чувствувате лошо и ви треба промена.

7. Живејте во чиста средина. Чистете го просторот во кој живеете редовно. После тежок ден, вашиот дом треба да биде мирно, средено и убаво место каде ќе се одморите, а не хаос што ќе ви прави уште повеќе стрес.

8. Бидете секогаш отворени за нови можности и за запознавање на нови луѓе.

9. Не чекајте добрите работи да паднат од небо. Излезете и самите создадете ги можностите.

10. Научете како да кажете НЕ, кога е потребно!

11. Немојте да се плашите да кажете ДА. Ако сте ориентирани кон кариера не плашете се да го подобрите вашиот социјален живот со прифаќање на повеќе понуди за излегување. И обратно, немојте да се плашите од предизвикот на ново работно место.

12. Немојте да дозволите на ниеден партнер да го уништи вашиот дух. Сите поминуваме низ лоши раскинувања, и во ред е да бидете тажни еден краток период. Но, многу е важно да научите брзо да се подигнете на нозе и да продолжите.

13. Престанете да мислите дека секогаш кога не сте во центарот на настаните се случуваат неверојатни работи и дека нешто пропуштате. Во ред е ако сакате некогаш да останете дома и да одморите. На сите ни треба време да ги наполниме батериите.

14. Пронајдете некои хобија, нешто што ќе сакате да го правите во слободно време и што ќе ве исполнува. И не се откажувајте лесно.

15. Патувајте! Направете си листа на места што сакате да ги истражите. Ништо нема да ве исполни повеќе од нови места и нови авантури.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg