15 златни правила за животот од најдобриот психолог на светот

Секој кој во животот се занимавал малку посериозно со психологијата, слушнал барем еднаш за Михаил Литвак.

15-zlatni-pravila-od-najdobriot-psiholog-na-svetot-01.jpg

Руски доктор и психотерапевт, кој е еден од напознатите и ценети психолози на светот, а е познат по тоа што е иноватор на методот на решавање конфликт наречен „Психолошко аикидо“.

Споделуваме со вас 15 совети од него, кои ќе ви помогнат да поминете низ многу животни ситуации:

1. Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака да каже нешто, тој почнува да зборува лошо за другите.

2. Депресивната состојба му е доделена на човекот за да размислува за себе.

3. Никој никого не отфрла, сите одат напред. Тој што застанал, мисли дека другите го отфрлиле.

4. Ако мислите добро за себе, зошто ви е потребно уште некој да мисли добро за вас?

5. Правете што сакате и не барајте дозвола. Нема да ја добиете.

6. Способноста да се сака, но добро да се поднесува самотијата, е знак за духовна зрелост. Сѐ правиме најдобро кога сме осамени.

7. Незрела личност често знае, а не умее. Зрелата, не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност само критикува, а зрелата покажува дела.

8. Нема машка и женска логика, постои способност и неспособност на мудро мислење.

9. Сакате да го дознаете вашиот најголем непријател? Погледнете во огледало. Изборете се со него и останатите сами ќе побегнат.

10. Постигнете успех – навредите ќе поминат.

11. Со пријателите е пријатно да разговарате, а со непријателите – корисно.

12. Ако сакате на некого нешто да му докажете, значи дека живеете за тој човек. Ако живеете за себе, тогаш нема потреба да се докажувате некому.

13. Делете ја радоста и со пријателите и со непријателите – пријателот ќе се израдува, а непријателот ќе се вознемири.

14. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.

15. Среќата е нуспроизвод на правилно организирано дејствување.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg