На многумина би им се допаднале ако не се трудите да се допаднете секому - цитати на Момо Капор

Сликар, писател, новинар, Момо Капор е синоним за квалитетна експресија без разлика дали се работи за пишан збор, уметничка слика или статија.

Citati-na-Momo-Kapor-01.jpg

Роден е во Сараево во 1937 година, а по завршувањето на Втората светска војна со преселил во Белград каде што останал до крајот на својот живот.

Дипломирал сликарство, напишал бројни романи и збирки приказни. Автор е на документарни филмови, телевизиски емисии и сценарист на неколку филмови, меѓу кои и најпознатиот „Валтер го брани Сараево“.

Што ни остави Капор? Премногу мудрост и љубов. Едноставни мисли кои зборуваат за длабочината на човековата душа и животот:

1. Можеби среќата се состои во тоа да престанеме со трката по неа? Да го достигнеме животот пред лекарите да ни го забранат пушењето, алкохолот, храната, бањањето, сончањето и љубовта?

2. Ѕвездите паѓаат и преку ден, само некои не се во состојба да го забележат тоа.

3. Им се насмевнеш ли на децата, тие ти возвраќаат на насмевката. Им се насмевнеш ли на возрасните, тие се прашуваат: „Зошто овој се смее?“

4. Да речеме дека сум обичен човек, иако тоа не е сосема точно; нема обични луѓе.

5. Кај денешните девојки го забележувате нивното витко тело, височината, долгите нозе, тесните колкови и широките раменици, слободниот атлетски чекор, а последната работа на која ќе обрнете внимание се нивните очи, погледот и она што се крие зад него.

6. Куќата ви е онаму каде што после вечерата имате некого со кого може да испиете чаша вино.

7. На многумина би им се допаднале ако не се трудите да се допаднете секому.

8. Човек може да најде колку сака пријатели со коишто ќе зборува, но малку се оние со кои ќе може да молчи.

9. Никогаш немаме доволно време за оние кои нè сакаат, туку само за оние коишто ние ги сакаме.

10. А што е тоа љубов? Кога гледаш во ѕвездите без причина, кога делиш гума за џвакање, кога ќе подариш цвет и ќе ја ослободиш лулашката во паркот кога е твој ред за лулање. Кога му даваш гриз на оној кого го сакаш, кога ќе ја поделиш гумата за бришење на половина и кога ќе му дадеш еден „лиз“! Кога ќе нацрташ срце и ќе ги напишеш внатре вашите две имиња. Ако тоа не е љубов, тогаш навистина не знам што е!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава