На 14 години ѝ бил понуден брак: Факти за Марија Антоанета

Марија Антоанета е француската кралица која често се спомнува во популарната култура. Ја знаеме како убавата кралица со истенчен вкус за мода и ексцентрични фризури.

6 fakti koi ne ste gi znaele za marija antoaneta 1

Она, што најверојатно го немате слушнато за Марија Антоанета е дека таа се смета за еден од главните виновници за позната Француска револуција и крајот на француската монархија во август, 1792 година.

1. Нејзината љубовна иднина била предодредена уште додека била многу мала

Марија Антоанета е родена во 1755 година во Виена, Австрија. Таа била 15-то дете во семејството и како најмлада ќерка, уште како мала била ветена за идниот наследник на престолот на Франција.

Во тоа време, често се склопувале бракови помеѓу Европските кралски семејства со цел да се зајакнат односите помеѓу државите. Со таа цел, за да се намали тензијата помеѓу Австрија и Франција, Марија Антоанета уште на 14 години била принудена да стапи во брак со идниот крал Луј XVI.

6 fakti koi ne ste gi znaele za marija antoaneta 5

Тие двајца биле неверојатно различни, со тоа што кралот бил интроверт, срамежлив и обожавал да биде сам и да чита, а таа била многу популарна и обожавала да се коцка, да оди на забави и да ги носи најновите модни трендови.

Кралот си легнувал пред полноќ, а таа останувала да се забавува по цели ноќи. Кралицата спиела по цел ден, додека кралот работел.

2. Се верува дека бракот не бил “консумиран” цели 7 години

Кога гласините дека нејзината ќерка сé уште не успела да го консумира бракот стигнале до Марија Тереса, мајката на Марија Антоанета, таа го пратила нејзиниот син Џосеф да го посети и да го посоветува парот. Какви и да биле тие совети, очигледно функционирале со оглед на тоа што Марија Антоанета родила ќерка после 1 година.

Некои историчари тврдат дека кралот имал физички проблеми и морал да направи операција после која успеал да го консумира бракот. Меѓутоа, други тврдат дека едноставно причината била незаинтересираност од двете страни.

6 fakti koi ne ste gi znaele za marija antoaneta 2

3. Се верува дека Марија Антоанета цел живот била заљубена во друг

Во 1780 година, Марија Антоанета почнала сé повеќе време да поминува во нејзиниот приватен замок кој бил на истиот имот каде што била и Версајската палата. Таа секогаш била без придружба на кралот.

Во овој период се појавиле гласини дека таа има афера со шведскиот дипломат Аксел Вон Ферсен.

Тие се запознале на бал под маски во Париз кога и двајцата имале 18 години и нивната врска траела сé додека кралицата не била погубена во 1793 година. Таа дозволувала Вон Ферсен да ја посетува во нејзиниот кралски апартман и тој останувал како гостин многу често до доцна после полноќ.

Нивната афера никогаш не е потврдена и не се знае дали била само платонска, меѓутоа многубројните љубовни писма кои си ги пишувале ја покажуваат нивната љубов еден кон друг. Аксел ѝ подарил прстен на кој ги имал изгравирано зборовите „Сé ме води кон тебе”.

Додека кралицата била затворена во текот на Француската револуција, таа му напишала писмо во кое пишувало: „Имам време само да ти напишам дека те сакам.”

4. Репутацијата на кралицата меѓу народот била многу лоша

Таа е претставена во приказните од тоа време како персонификација на злото и како сé што е лошо во врска со власта на монархијата. Марија Антоената е прикажана како вистински негативец.

Често се спомнува нејзината изрека: „Дај им да јадат торта”, откога слушнала дека луѓето во Франција немаат да јадат ни леб. Не се знае со сигурност дали таа навистина го кажала тоа.

6 fakti koi ne ste gi znaele za marija antoaneta 3

Таа била опседната со нејзиниот избор на накит и облека, и често се слушале гласини дека го изневерува кралот. Нејзиното име асоцира на падот на монархијата, за што таа се смета за главен виновник.

За време на кризата за леб, луѓето ја обвинувале дека таа ги троши сите пари на монархијата за нејзин луксуз и екстраваганција и била позната помеѓу народ како кралицата на дефицитот.

5. Нејзината смрт означувала симболичен нов почеток за Франција

На 14 јули, 1789 година, околу 900 француски работници и селани земале оружје во рака и ја почнале познатата Француска револуција. На 6 октомври истата година, околу 10.000 луѓе се собрале пред Версај и барале кралот и кралицата да бидат однесени во Париз во дворецот Тилери.

Марија Антоанета почнала да се моли на советници и амбасадори и на други европски владетели да им помогнат да ја зачуваат монархијата, но безуспешно. Тие со помош на Аксел Вон Ферсен пробале и да избегаат, но биле фатени и вратени во Париз.

До летото 1792 година, Франција била во војна со Австрија и многу радикалисти од тоа време барале власта на кралот целосно да биде отстранета. Во септември истата година, дошол крајот на монархијата, а кралот и кралицата биле уапсени.

6 fakti koi ne ste gi znaele za marija antoaneta 4

Најпрвин кралот бил погубен, а неколку месеци подоцна дошло и судењето на Марија Антоанета. Таа била осудена за крадење и предавство, и исто така била лажно осудена дека сексуално го злоставувала својот син.

Таа била погубена пред толпа луѓе, а нејзината смрт луѓето ја сметале како потребен крај на Француската револуција.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg