Кој е авторот на познатата мисла „Знаењето е моќ“?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е авторот на познатата мисла „Знаењето е моќ“?

Многупати сме ја изговориле оваа изрека, но веројатно немаме идеја кој е творецот кој стои зад неа. Знаењето е моќ, рекол Френсис Бејкон, кој бил познат англиски филозоф, државник и есеист.

Koj-e-avtorot-na-poznatata-misla-znaenjeto-e-mokj-01.jpg

Роден во Лондон, Бејкон живеел и творел од средината на 16 век, до ’20-тите години на 17 век.

Бил современик на Вилијам Шекспир и кралицата Елизабета. Како дел од благородничко семејство, имал пристап до високите општествени кругови што лесно му овозможило вклучување во високата политика.

Напредувал брзо, а неговата лична филозофија му овозможила да го постави принципот на експериментите, кој е највисокиот принцип на сите научни истражувања. Тој воедно го развил и индуктивниот метод на познанието.

Според Бејкон, целта на науката и филозофијата е да му обезбедат на човекот нови пронајдоци и добра, а тој истовремено да успее да ја зголеми моќта над природата и да ја совлада, бидејќи човековото знаење е моќ.

Ослободувајќи го умот и начинот на работа и дејствување од секакви предрасуди, прочитајте уште неколку цитати од прогресивниот Френсис Бејкон:

 1. Најдобрата работа кај убавината е она што ниту една слика не може да ја отслика.

 2. Паметниот човек ќе си создаде повеќе можности отколку што ќе ги пронајде.

 3. Подобро е да се соработува со луѓе кои посакуваат нешто, отколку со оние кои веќе го постигнале она коешто го сакаат.

 4. Биди искрен кон себеси за да не бидеш лажен пред другите.

 5. Молчењето е одмор за душата.

 6. Чудна е таа желба, да се бара власт и да се изгуби слободата или да се бара власт над другите, а да се изгуби врз самиот себе.

 7. Добро воспитаниот маж живее од своите љубовници, а умира од својата жена.

 8. Има многу начини за да се збогати човекот, а повеќето од нив се лоши.

 9. Кога виното е внатре, разумот е надвор.

10. Кој ѕида убава куќа на лошо место, самиот себеси се става во затвор.

11. Лукавите луѓе ја презираат науката, простите ѝ се воодушевуваат, а мудрите ја користат.

12. Надежта е добар појадок, но слаба вечера.

13. Човековата природа може да израсне во билка или во плевел, затоа е добро навреме да се залева едното, а да се искорне другото.

14. Парите се одличен слуга, но најлошиот господар.

15. Никој не успева толку брзо како оној кој ги користи туѓите грешки.

16. Среќата е како пазар, и често пати, само доколку малку почекате, цената ќе ѝ падне.

17. Што е поголемо злосторство од изгубеното време?

18. Строгоста раѓа страв, но грубоста раѓа омраза.

19. Требате да се има на ум дека храброста е секогаш слепа, бидејќи таа не гледа опасности и непријатности.

20. Жените се љубовници за младите мажи, пријателки за зрелите, а болничарки за старите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил 5 години во брак: Факти за Ден Хортон, новото момче на Лејди Гага 37-годишниот сексапилен Ден Хортон го освои срцето на Гага, но кој е всушност то...
Факти за Меланија Трамп: Течно зборува 5 јазици, но е единствената прва дама која позирала гола Соединетите Американски држави имаат нова прва дама, и таа меѓу другото има поте...
Трите љубовни писма на Бетовен кои ќе ви го стопат срцето Романтиката е повторно во мода, но прашањето е – дали воопшто некогаш престанала...

Најчитани неделава